Вработување во Даталаб

Даталаб е најголемиот понудувач на деловен софтвер во југоисточна Европа. Нуди сеопфатни деловни и информациски решенија за малите и средни компании. Нашата програма PANTHEON ја користат повеќе од 80.000 корисници во повеќе од 28.000 компании од 12 земји. Нашиот тим е амбициозен, иновативен и посветен на целите, затоа што сакаме да го развиеме најдобриот бизнис информациски систем во светот.

За да се вработите во Даталаб МК, потребно е познавање на англискиот јазик, тимска работа и силна мотивација за стекнување на нови знаења – затоа што веруваме дека секој успешен човек учи цел живот. Ќе работите со високо квалификуван тим и современи информатички технологии. Предност имаат кандидатите кои веќе ја користеле програмата PANTHEON и се запознаени со процесите на производи и материјали.

Доколку сакате да најдете нова деловна можност во средина каде што се очекува независен и самоиницијативен индивидуален придонес и ги имате потребните компетенции, ве повикуваме да ни се претставите со вашата биографија, заедно со позицијата за која аплицирате.

Доколку сакате вашиот труд да допридонесе, а резултатот од вашата работа да го користат илјадници луѓе, придружете ни се!
Доставете го вашето CV на info@datalab.com.mk со наслов за работата за која аплицирате.

Слободни работни места:

Потребни ви се повеќе информации?

Јавете ни се или испратете ни меил. Со задоволство ќе ви одговориме на сите прашања.