Придобивки од ерп решение кај производителите на мебел?

2 Мар 2025

Бизнисите за производство на мебел од големи размери управуваат со многу сложени процеси каде секогаш треба да имаат предвид за одливот и протокот на побарувачката, како и постојано менувачките трендови на модата. Обидот да се задоволат индивидуалните потреби на клиентите, како и да се остане чекор понапред од конкуренцијата, е речиси невозможна задача без деловна ЕРП програма.

Без разлика дали вашиот бизнис се концентрира на домашен, комерцијален или мебел по нарачка, имплементацијата на софтвер може да ви помогне да управувате и со трошоците за водење на бизнисот и со очекувањата на вашите клиенти.

Една дигитална деловна платформа (софтвер) на производствените компании треба да им овозможи:

  • Планирање на ресурсите (машините и вработените)
  • Планирање и следење на репроматеријалите по лот број
  • Оптимизирање на работните налози по машини (терминирање на производството)
  • Пишани инструкции (работни налози) за вработените со кои се дефинираат ресурсите, алатите, репроматеријалите, операциите за производство, технолошка постапка, заштитни мерки …
  • Нормирање на операциите и исплата на бонуси за успешност
  • Квалитетен продажен процес

За повеќе нформации како да се справите со проблемите во вашата производствена компанија, Ви подготвивме бесплатен прирачник.

Тимот на Даталаб изгради модули кои најдоа примена во производствените компании, со кои се зголеми ефикасноста во работењето и администрирањето. Примери за такви проекти има повеќе во Македонија и регионот. Компании како Мебел ВИ, Алмак, Савело, ДЕ-НИ мебел, Махагони, Смарт Ливинг,  се само дел од компании кои се корисници на Pantheon ERP.

За дополнителни информации и консултации, пишете ни на info@datalab.com.mk или јавете ни на 02 3079 231

 

Повеќе информации за PANTHEON MF кликнете тука.

Не пропуштајте корисни новости и совети

Доколку сакате да добиете новости со корисни бизнис содржини од нашата База на Знаење, Ве молиме пополнете го образецот.

X