ВИТАЛИА НИКОЛА ДОО
Виталиа Никола Доо е компанија за производство на здрава храна чија основна цел е снабдување на домашниот и странскиот пазар, со природни, вкусни и здрави производи со висок квалитет и пристапна цена. Виталиа е основана во 1993 година, од кога бележи брз и динамичен развој. Со самиот процес на пробивањето на производите, неминовно се зголемуваше обемот на работата во сите сектори и процесите во компанијата се усложнуваа. Поради зголемениот обем на работа, претходното програмско решение не ни даваше јасна слика за актуелната состојба на компанијата, а сето тоа бараше дополнителна мануелна работа.
Предизвик:
Поради преголемата мануелна работа, дојдовме до ситуација да имплементираме ново софтверско решение кое ќе ги обедини сите процеси на компанијата и воедно ќе го централизира пристапот на податоците. По анализа на сите софтверски решенија, се одлучивме за PANTHEON. Присутноста на PANTHEON во соседните земји од регионот и голем број задоволни корисници беше причина плус за да го направиме овој избор.
Решение:
Претходното софтверско решение не ни нудеше централизиран пристап до податоците и често се соочувавме со неможност за следливост на документите и имавме проблеми со прегледноста. Со имплементација на PANTHEON се обезбеди обединување на сите процеси на компанијата , увид до сите податоци и генерирање на голем број различни извештаи. PANTHEON како систем комплетно се прилагоди на нашите барања, со што се овозможи непречно реализирање на сите процеси во рамките на компанијата од нарачка па се до крајна продажба.
Заклучок:
Резултатот што почнавме да го користиме PANTHEON е прав избор за нашата компанија. Со PANTHEON имаме јасна слика за продажбата, следење на производите, како и секогаш ажурирани информации за залихата со која располагаме, во секое време.
Навистина сме задоволни што тимот на Даталаб, секогаш е тука да ни помогне во било која ситуација, а поддршката ни е исто така многу важна за една голема компанија како што сме ние.