ВЕГГА ДОО, Куманово
Вегга Доо, Куманово е Друштво за сметководствени и консалтинг услуги, формирано во 2009 година. Ние им нудиме на нашите клиенти највисок квалитет на работа, бидејќи тимот на ВЕГГА е составен од членови со долгогодишно искуство. Нашата цел беше да добиеме попрецизни информации и сите вработени да имаат пристап до истата база, од било кое место, во било кое време.
Предизвик:
Нашите потреби главно беа насочени кон усогласувањето на податоците и рачната работа. Исто така ни требаше решение за поврзување на модулите за основни средства, благајна, патни налози, магацинска евиденција, кадрово со финансовата евиденција…
За PANTHEON слушнавме од пријатели и решивме да го испробаме и ние во нашето работење.
Решение:
Нашето искуство од користење на PANTHEON, повеќе од 10 години, значително ја подобри ефикасноста во нашето работење, добивме попрецизни информации, каде што пред тоа имавме големи проблеми со усогласувањето на податоците.
Со PANTHEON драстично го намаливме обемот на рачна работа и препишување, бидејќи сите модули се интегрирани и се е поврзано во еден систем, бидејќи PANTHEON ни овозможува пристап до иста база, во исто време од повеќе различни корисници, различни локации и можност за работење во исто време во иста база на повеќе оператори.
Заклучок:
Резултатот што почнавме да го користиме PANTHEON веќе подолго време е очигледен. Почнавме да ги креираме сите обрасци кои се задолжителни согласно прописите во Република Македонија, од самиот софтвер ни изготвуваме даночни пријави, биланси, финансиски извештаи, извештаи до Народна Банка на Р. Македонија, извештаи и слично. Навистина сме среќни бидејќи законските промени се вградени од страна на тимот на Даталаб.