Сакаме да Ве запознаеме со уште еден наш успешен проект, каде успешно го имплементиравме ЕРП решението – Pantheon.
Затоа, го повикавме на краток разговор Иван Мирковски, Управител на најсофистицираната продавница – Smart Living.
Даталаб МК: Г-дин Мирковски, кажете ни малку повеќе за Smart Living, за оние кои сеуште не ве запознале?
Г-дин Мирковски: Smart Living е нов концепт, кој носи осветлување, мебел и декоративни акцесоари во својот салон. Се дефинираме себеси како архитектонско идејно студио и продавница за мебел и осветлување.
Наспроти популарното верување дека мебелот се купува како финализиран производ, ова концептно студио им нуди на своите клиенти персонализирани услуги, обидувајќи се соодветно да одговараат на потребите на клиентот со нивниот архитектонски израз.
Овде можете да добиете проекти за осветлување од најдобрите компании за осветлување од Италија, Германија и Шпанија, софистициран дизајн на мебел и додатоци за декорирање за вашиот дом или канцеларија.
Покрај креативноста и иновативноста, Smart Living нуди инспирација. Во сопственост на млада, образована и добро информирана брачна двојка, која служи како ресурс за учење и стилски водич за современите познавачи со извор на производи од целиот свет и со широк спектар на дизајнери, од нови таленти до реномирани имиња на индустрии.
Даталаб МК: Со какви проблеми се соочувавте пред да започнете да го користите Pantheon?
Г-дин Мирковски: Најголемиот проблем кој го имавме и се соочувавме, беше совпаѓањето на податоците за материјално и финансово работење, како и неинформираноста за точните залихи во реално време.
Тргнувајќи од овие позиции, дојдовме до потреба да користиме деловен систем, кој ќе може деловните процеси да ни ги администрира, контролира, но и да не информира за сите значајни параметри.
Се информиравме за неколку ерп решенија во Македонија, но на крај се одлучивме за Pantheon, каде тимот на Даталаб веќе успешно имаше реализирано повеќе слични проекти во малопродажни компании и нивното стекнато искуство одлично ни го пренесоа.
Даталаб МК: Што е имплементирано во Pantheon за Smart Living и што ви се подобри откако започнавте секојдневно да го користите?
Г-дин Мирковски: Тимот на Даталаб, кај нас имплементираше материјално, финансово и ПОС работење. Со користење на деловното решение Pantheon, ние добивме полесна следливост на документите, на залихите, ги следиме сите состојби и добиваме детални извештаи според нашите потреби. Со Pantheon добивме јасна слика за работењето како и јасни податоци кои нé насочуваат кон поуспешен развој и бизнис.
Даталаб МК: Дали Вие би го препорачале на останатите компании деловниот програм PANTHEON и зошто?
Г-дин Мирковски: Pantheon дефинитивно би го препорачале на сите компании, современ и комплексен систем кои ги задоволува сите потреби и сегмент на работењето.
SMART LIVING
02 325 6087
https://smartliving.mk/mk/