Сакаме да ја споделиме со вас, нашата успешна приказна во компанијата Хрисо Сметководство каде го имплементиравме нашето софтверско решение Pantheon. Направивме кратко интервју со сопственикот на компанијата Христо Николовски, зошто е задоволен од софтверското решение Pantheon и на кој начин им помогна во нивната компанија.
Даталаб МК: Г-дин Николовски, кажете ни малку повеќе за вашата компанија, со која дејност и каде се наоѓаат вашите канцеларии?
Г-дин Николовски: Хрисо Сметководство е компанија која е наследник на Хрисо дооел регистрирана во 1993 година за вршење на сметководствени работи. Денес ХРИСО СМЕТКОВОДСТВО е компанија со 8 активни вработени, која нуди сметководствени и консалтинг услуги за своите клиенти како и посредување при склучување на зделки. Во своето широко портфолио на клиенти ги опфаќаме сите индустрии и гранки на стопански дејности. Компанијата располага со две канцеларии, едната е во Скопје, а другата е во Битола, каде функционира широко на македонскиот пазар и имаме голема соработка со странски инвеститори.
Даталаб МК: Како дознавте за ЕРП решението PANTHEON?
Г-дин Николовски: За Pantheon ЕРП решението знаеме веќе подолго време и кога ни се појави потребата за дигитализација и поврзување со клиенти веднаш се обративме до тимот на Даталаб.
Даталаб МК: Што од PANTHEON имплементираа ЕРП Консултантите на Даталаб во вашата компанија?
Г-дин Николовски: Консултантите од Даталаб ни направија комплетната обука за користење на програмот и подесување согласно нашите потреби и потребите на нашите клиенти. Јас и моите вработени сме многу задоволни од нивната професионалност и трпеливост.
Даталаб МК: Што Ви се подобри во работењето со PANTHEON?
Г-дин Николовски: Воспоставивме процеси на дигитализација во нашето работење каде ги автоматизиравме сите процеси. Сега работиме многу побрзо и поедноставно. Ќе издвојам дел од многубројните опции кои ни ги понуди системот:
- Комплетно автомаризирано книжење на СИТЕ документи,
- Брза подготовка на ДДВ пријава… почнувајќи од пресметка па се до пријава на ДДВ пријава во УЈП, комплетно автоматизирано,
- Многу опции за пресметка на плата, по различни основи и пресметки
- Одлични извештаи кои им ги испраќам на клиентите, директно од системот
- Брз преглед на дигиталната архива на документи
- Трговски книги секогаш достапни
Даталаб МК: Кои проблеми ги решивте во вашето работење со PANTHEON?
Г-дин Николовски: Со воспоставување на програмот клиентите и ние имаме реален пристап до сите финансиски податоци, во реално време, каде оваа придобивка ги прави нашите клиенти презадоволни и сигурни во соработката со нас. Секогаш имаат одлична евиденција на сите податоци, каде навреме го намалуваат проблемот со наплатата на побарувањата, работат побрзо и поорганизирано.
Даталаб МК: Дали би го препорачале на останатите компании деловниот програм PANTHEON и зошто?
Г-дин Николовски: Да, Pantheon ЕРП е комплетно решение за секоја компанија со многу различни функционалности и можности за прилагодување на секој деловен субјект.