Успешно имплементирано решение во компанијата ФИ-БАУ
Компанијата ФИ-БАУ се занимава со градежништво ( изведба на објекти по принципот „Клуч на рака“ ) и со изведување на други градежни работи. ФИ-БАУ е единствен производител во Македонија на дистанцери кои се користат при изведба на бетонски елементи, ѕидови носачи и разни бетонски конзоли. ФИ-БАУ е основана во 1995 година од браќата, Фејзо и Ибраим и е лоцирана во селото Палатица, оддалечена два километри од автопатот Тетово – Скопје, покрај реката Вардар, на површина од 5000 м2 .
Предизвик
Како ни се зголемуваше работата, ни се зголемуваа и административните налози со кој секојдневно се среќававме и решивме дека е време да вклучиме деловно решение во нашата компанија. Нам ни беше потребно решение кое ќе овозможува поврзување со нашиот сметководител во реално време, каде ќе може лесно да ја водиме целосната евиденција на материјалното и финансиското работење.
Решение
По неколку анализи и препораки што ги направивме се одлучивме за најквалитетното ЕРП решение PANTHEON, со одлична и квалитетна поддршка. PANTHEON во нашето работење воведе брза и лесна евиденција во работењето. Преку PANTHEON се поврзавме со нашето надворешно сметководство и работиме како да сме во иста канцеларија, целата документација ја добиваат во истиот момент, како и ние имаме преглед на сите документи во исто време.
Заклучок
PANTHEON ни ги растерети до тој степен сите работи што своето време и енергија започнавме правилно да го распоредуваме за поголем раст и проширување на нашата компанија.
Со PANTHEON добивме извонредна евиденција на материјалното и финансиското работење и генерално започнавме да работиме подобро и поорганизирано.