Сакаме да ја споделиме со вас, нашата успешна приказна во компанијата АД Д-Р. Пановски, каде го имплементиравме нашето софтверско решение Pantheon.
Направивме едно кратко интервју со Стојанчо Спасов, Советник на компанијата Д-Р. Пановски.
Даталаб МК: Г-дин Спасов, кажете ни малку повеќе за вашата компанија и со што работи?
Стојанчо Спасов: АД Д-р Пановски е компанија за промет и услуги со лекови, медицински средства и медицинска апаратура. На пазарот во Македонија сме присутни од 1991 година. Фокусот на АД Д-р Пановски е задоволување на потребите на пациентите преку пласирање на различни видови на безбедни и квалитетни медицински производи. Широкиот асортиман на медицински производи со кои работи АД Д-р Пановски се должи на повеќегодишна соработка со голем број светски реномирани производители од странство. Вработените во АД Д-р Пановски се високо квалификувани и специјализирани стручни лица од областа на Медицината, Фармацијата, Биохемијата, Електротехниката и Економија.
Даталаб МК: Како дознавте за ЕРП решението PANTHEON?
Стојанчо Спасов: Поведени од плнираното усовршување и развој на друштвото, направивме анализа на понудата на пазарот за продажба и имплементација на софтверски решенија. По направената селекција договоривме презентации со избраните компании меѓу кои и Даталаб. По извршените презентации, сепак се одлучивме за PANTHEON софтверското решение, понудено од тимот на Даталаб.
Даталаб МК: Што од PANTHEON имплементираа ЕРП Консултантите на Даталаб во вашата компанија?
Стојанчо Спасов: Нашето работење го пренесовме на PANTHEON во 2021 година. Самиот процес на имплементација и адаптација на вработените на новиот софтвер беше еден огромен предизвик за сите. Во првиот дел на имплементацијата на PANTHEON во нашата компанија ги опфативме следниве модули Комерцијално работење, Продажба, Набавки, Подготовка на тендери, Магацинско и Материјално работење, Финансии и Плати, каде во финансиското работење вклучивме шеми за книжење, подесување на контен план, благајна, пресметка на плати, прием и изготвување на документи.
Откако го затвориме овој процес, каде нашата компанија АД Д-р Пановски целокупното работење го пренесе во PANTHEON, заедно со тимот на Даталаб ги дефиниравме и напредните алтки кои планираме да ги вклучиме во втората фаза од имплементацијата, а тоа се:
– архивско работење и дигитална архива – поставување на workflow процеси кои ќе го забрзаат процесот на движење на документи во рамките на компанијата и нивно одобрување;
– поставување на модулот за буџетирање
– подесување на модулот за менаџерско изнестување
– имплементација на Б2Б платформа
– воведување на електронска архива и е-деловодник
– подесување на модулите за скенирање и креирање на електронска архива, како и дефинирање на процедури за одобрување на скенираната документација преку однапред дефинирани workflow процеси.
Даталаб МК: Што Ви се подобри во работењето со PANTHEON?
Стојанчо Спасов: Со имплементацијата на PANTHEON добивме заокружено, сеопфатно и автоматизирано интегрирање на деловниот процес на друштвото. Со програмските алатки и контролните табли добивме брз преглед на работењето, автоматизирани е-маил пораки со листа на графикони, пити, извештаи, анализи, како и Smart Reports анализи.
Со имплементацијата на алатката за буџетирање, добивме точна распределба на буџетот на компанијата во сите компаниски цели. Креирање на Финансиски план за наредната година, кој ќе опфати обука за планирање и анализа на планирано / реализираното од претходна година. Подесување на личните KPI (key performance indicator) и бонус систем за вработените каде ја подобривме продуктивноста на компанијата.
Даталаб МК: Кои проблеми ги решивте во вашето работење со PANTHEON?
Стојанчо Спасов: Брзината во работењето значително се подобри со користењето на PANTHEON. Самиот програм е user-friendly и е едноставен за употреба. Значително е да се напомене и брзината со која нашите вработени се прилагодија на новиот Програм.
Но, она за кое од кое што сме навистина задоволни е можноста за имплементација на нови алатки кои ги нуди програмот со кои значително и ефикасно ќе се подобри работењето на друштвото. Со имплементацијата на B2B платформата ќе им овозможи на нашите клиенти самостојно да ги прават нарачките и истите директно да се процесираат во PANTHEON, како и компаниите со кој имаме дефинирани специјални услови и производи врз основа на претходна тендерска постапка, да можат да ги креираат нарачките на производи кои се веќе потврдени во тендерот.
Даталаб МК: Дали би го препорачале на останатите компании деловниот програм PANTHEON и зошто?
Стојанчо Спасов: Секако. Носењето на одлука со кој софтвер да се работи, беше предизвик на кој успешно одговоривме. Целосната интеграција на процесот на работење во еден софтвер, за нас е од огромна полза. Едноставно, имате пристап до сите информации во секој момент.