Сакаме да ја споделиме со вас, нашата успешна приказна во Дади Компани, каде го имплементиравме нашето софтверско решение Pantheon. Ќе поразговараме со Даме Ристов, Извршен Директор на компанијата.
Даталаб МК: Кажете ни малку повеќе за вашата компанија? Кога започнавте со работа? Со која дејност се бави компанијата?
Г-дин Ристов: Дади Компани е формирана на 25.06.1992 година. Компанијата се бави со трговија на мало и големо, меѓународен транспорт и прозиводство на ковано железо (огради, порти, маси и сл.)
Денес, ДАДИ Компани брои 5 бензиски пумпи, со повеќе од 130 вработени и илјдници задоволни клиенти. ДАДИ Компани се вбројува во 50-те најуспешни компании во Македонија во последните 5 години.
Покрај трговијата со нафтени деривати, се занимаваме и со транспорт на нафтени деривати како и малопродажба на бензинските пумпи.
Даталаб МК: Што имплементиравте од PANTHEON во вашето работење?
Г-дин Ристов: Своето административно и оперативно работење го пренесовме на PANTHEON, во 2020-та година. Самиот процес на имплементација и адаптација на вработените на новиот софтвер, беше еден огромен предизвик за сите нас, притоа земајќи ја во предвид и динамичноста на индустријата.
Од аспект на стандарните функционалности на програмот што ги нуди, ги опфативме сите модули во нашето работење како што е материјално, финансиско работење, POS X итн, но секако и на наше барање заедно со консултантите од Даталаб МК, изработивме и дополнителни алатки, извештаи, прегледи, кои ни овозможија навремено, сликовито и точно известување.
Даталаб МК: Што Ви се подобри во работењето со PANTHEON?
Г-дин Ристов: Точната и навремена следливоста на залихите како и едноставноста и брзината во работењето, се само дел од придобивките кои ДАДИ Компани ги доби со воведувањето на ЕРП Софтверот PANTHEON. Во една динамична индустрија како што е токму нафтената индустрија, од круцијално значење за бизнисот се точните и навремени податоци до менаџментот. Со истите, соодветно се одговара на промените на пазарот.
Даталаб МК: Кои проблеми Ви се решија со PANTHEON?
Г-дин Ристов: Брзина во работењето значително се подобри со користењето на PANTHEON. Самиот програм е user-friendly и е едноставен за употреба. Значително е да се напомене и леснотијата со која нашите вработени се прилагодија на новиот програм.
Но, она за кое од кое што сме навистина задоволни е известувањето за промените во работењето и остварените резултати и нивно навремено процесирање до менаџментот .
Даталаб МК: Дали би го препорачале на останатите компании деловниот програм PANTHEON и зошто?
Г-дин Ристов: Секако. Како Лидер-копманија во регионот, носењето на одлука со кој Софтвер да се работи, беше предизвик на кој успешно одговоривме. Целосната интеграција на процесот на работење во еден софтвер, за нас и тоа како е од огромна полза. Едноставно, имате пристап до сите информации во секој момент.
ДАДИ Компани
+389 76 302 650
https://dadikompani.com/
Горивата кои се точат на бензински пумпи на ДАДИ Компани се одликуваат со врвни својства и развиени се со цел да обезбедат полна моќност и истовремено, намалена потрошувачка на гориво на Вашето возило.