Рома Компани, Србија
Рома Компани е дистрибутер на материјали и алати за завршни работи во градежништвото: бои, лакови, изолации, фасади, ѕидови, … Дистрибуција главно се врши во Србија и Црна Гора, а клиенти има и во соседните земји. Тие имаат 5 центри за дистибуција во Белград, Подгорица, Ниш, Нови Сад и Краљево и 11 продавници за малопродажба, од кои 9 во Белград.
Предизвик
PANTHEON го користат од 2004 година. Сите модули активно започнале да ги користат, освен производството и сервисирањето. Тие најпрво зпочнале да го користат само во големопродажбата, како што е книговодството, но наскоро увиделе дека им се потребни сите останати функции, како материјалното работење, финансиското и електронската трговија.
Решение
PANTHEON беше надграден со WMS и продажба на терен. Принципот на работа започна првенствено на локација во Белград, а постепено беше воведен овој принцип на работа и во Подгорица. Дневните извештаи се придружени со секојдневните извештаите за промет на купувачите и добавувачите. Најмногу ги користат ZEUS бизнис анализите, каде што ги следат извештаи на контролниот панел и автоматски ги примаат извештаите по е-пошта. Како голема предност на PANTHEON, тие ја гледаат можноста за ажурно следење на залихите и движењата на акциите, можноста за различни цени за поединечни магацини, во зависност од регионот, ценовни листи со клиенти и добавувачи, како и работа со кодови на кориснички производи. Пред сè, предноста е што нарачките се пренесуваат на документите и нема потреба од два записа. Прегледот на документот и печатењето е брз и објавувањето во голема мера е автоматизирано, со што значително се забрзуваат процесите во компанијата.
Заклучок
Централизиран и брз преглед на вработените во Рома Компани обезбедува добар увид во бизнисот, што е важно за успешното деловно одлучување, овозможувајќи им брзо да реагираат на барањата на пазарот, а многу полесно е да се направат важни стратешки одлуки и со тоа да се планира на подолг временски период.