П.И.К.Ко Македонија е дел од интернационалната групација П.И.К.Ко, чија главна определба е да обезбеди нови репро-материјали и функционални суровини за прехрамбената индустрија со цел да се промовира производството на храна до ниво на светски стандарди. Од 2007 година, тие имаат сопствено производство на функционални смеси и додатоци, така што брендот на П.И.К.Ко стана иновативен добавувач на идеи и решенија. Денес П.И.К.Ко е лидер во трговијата со суровини и репро-материјали во сите гранки на прехрамбената индустрија.
Накратко зборуваме со Маја Стефковска, Раководител на Финансии во компанијата П.И.К. Ко Македонија, каде ни го споделува личното искуство користејќи го програмот.
Предизвик
Маја Стефковска: Бидејќи П.И.К. Ко е една брзорастечка компанија со стабилен раст, се појави потреба да воведеме нов информациски систем кој би успеал да го следи нашиот сегашен и иден раст и соодветно да го поддржи нашето производство, како и управувањето со финансиите: плати, кадри, извештаи и итн.
Решение
Маја Стефковска: По долго пребарување за соодветно ЕРП решение, ние се одлучивме за тимот на Даталаб, каде успешно го имплементираа PANTHEON ЕРП решението во нашата компанија во 2015 година. Основната причина за која се одлучивме за PANTHEON е потребата од финансиски извештаи кои ги поднесуваме до матичната компанија во Бугарија, а PANTHEON нуди можност кај корисничкиот интерфејс да се прилагоди на локален јазик, а извештаите да се на англиски јазик. Едноставно е за работа, а сите извештаи ги извезуваме лесно во Excel.
Заклучок
Маја Стефковска: Да прецизирам, главната причина која мене најмногу ми се допадна како раководител на финансискиот дел е бидејќи PANTHEON ги опфаќа сите делови, од комерцијала, материјално и финансиско работење. Пред да го воведеме PANTHEON, користевме програма која опфаќаше само комерцијален аспект, но не и финансиски, затоа се соочувавме со многу неточни инормации. Со PANTHEON, различни делови од нашата компанија ги интегриравме во една целина, со тоа што ни се подобри увидот во целокупната финансиска состојба на компанијата.
Сега компанијата има целосна контрола врз финансиската состојба, а самиот програм, исто така, влијае на зголемената мотивација и ефикасност на нашите вработени, бидејќи програмот ни помогна и во некои повторувачки работи да го заштедиме нашето време,да ги автоматизираме процесите и да ја зголемиме продуктивноста кај вработените.