Направивме интервју со нашите клиенти, компанијата Гранде Адриатик Фуд, каде успешно го имплементиравме ЕРП решението – PANTHEON.
Во прилог, Ви го пренесуваме разговорот со Извршниот директор на Гранде Адриатик Фуд, Дејан Стошиќ.
Г/не Стошиќ, претставете ни ја накратко вашата компанија Гранде Адриатик Фуд? Кога е основана? Каде се лоцирани вашите центри? Кои брендови ги застапувате?
Г-дин Стошиќ: Гранде Адриатик Фуд е една од водечките и најбрзо растечките дистрибутивни компании во Србија, основана во 2009 година, со долгогодишно искуство и експертиза во областа на продажбата и дистрибуцијата на замрзнати производи. Компанијата е дистрибутер во Република Србија на неколку брендови како Nestle, Mondelez, Polar Food, Family, Bella, La Cremeria. Имаме силна дистрибутивна мрежа во Србија, поточно нашите дистрибутивни центри се наоѓаат во Лесковац, Нови Сад, Белград и Чачак.
Со години градиме деловна соработка со најголемите компании на српскиот пазар, како Delhaize, Mercator, Metro, Veropoulos, Gomex, Univerexport, најголемите бензински пумпи OMV, Nis, Lukoil, така и локалните продавници, кои ни се важна алка во нашиот синџир на снабдување.
Која е вашата визија за компанијата?
Г-дин Стошиќ: Мојата визија е да станеме водечка компанија на пазарот чие име ќе е синоним за квалитетот на производите и методите на дистрибуција.
Како дојдовте до идејата да го имплементирате PANTHEON во вашето работење?
Г-дин Стошиќ: Поранешното софтверско решение не беше соодветно за нашите секојдневни потреби. Потребен ни беше професионален деловен систем, кој ќе може деловните процеси да ги администрира, контролира, но и да не информира за сите значајни параметри. ЕРП систем кој ќе расте, заедно со потребите на компанијата.
На пазарот разгледувавме многу софтверски решенија, но кај никој од нив не го препознавме квалитетот и професионалноста кои беа нашиот примарен критериум. Сите потреби кои ги имавме во тековното работење, софтверскиот програм PANTHEON успеа на многу лесен и софтициран начин да ги задоволи и да ги унапреди.
Што конкретно ви овозможи PANTHEON во вашето работење?
Г-дин Стошиќ: Освен што сакавме да имаме контрола врз навремената дистрибуција, со PANTHEON ни се овозможија и многу повеќе опции, како што се:
- да изработуваме брзи понуди и лесно да ја менаџираме продажбата
- ефикасно да ги планираме ресурсите (возилата и вработените)
- секогаш да сме во тек со законските пропишани обрасци и процедури
- електронски да ги разменуваме податоците со сите достапни е-сервиси
- добивме широка лепеза на софистицирани извештаи, графикони, табели
- ги автоматизиравме сите процеси на книжења, даноци,
- ја следиме профитабилноста на секоја локација
- сега можеме да ја следиме и планираме залихата
- и со помош на вградените business intelligence tools – алатки за следење на трендовите, добивме можност да генерираме извештаи за креирање на успешна бизнис стратегија
Со користењето на PANTHEON во вашето работење, кои проблеми ги решивте?
Г-дин Стошиќ: Со користењето на деловниот програм PANTHEON, нашата компанија доби контрола во работењето. Проблемите со кои секојдневно се соочувавме, со PANTHEON станаа минато. На пример:
- залихите по микролокации ги автоматизиравме
- ги оптимизиравме рутите за посети до истоварните места
- добиваме известувања за минималната залиха на одредени артикли
- контролираниот процес ни овозможи следење на вработените и нивно остварување, а со тоа и нивно наградување согласно резултатите
- ги намаливме непотребните трошоци
- вработените ни се оптимално искористени
За крај дали би го препорачале на останатите компании деловниот програм PANTHEON и зошто?
Г-дин Стошиќ: PANTHEON ги обедини сите деловни процеси во нашата компанија. На сите дистрибутивни компании им го препорачувам овој деловен програм, бидејќи преку BI алатките ќе ги следат сите трендови и ќе можат да генерираат извештаи за успешна стратегија. Преку мобилната апликација секогаш ќе ги планираат рутите, ќе им се овозможи подобрување на квалитетот на теренските услуги, ќе им се зголеми контролата врз теренската работа, ќе им се намалат трошоците, а воедно и ќе им се зголеми продажбата. Со мобилната апликација ќе добијат можност и за печатење на фактури директно од терен, како и преглед на залихите во различни складишта, во секој момент.