ДПТ 6МАЈ
Претпријатието 6МАЈ се занимава со увоз и диструбуција на хартија и графички репро материјали, и е ексклузивен застапник на повеќе реномирани производители. Соочувајќи се со потребата за соодветно софтверско решение, компанијата, по препорака на свој клиент од Република Србија, се одлучи за PANTHEON.
Предизвик:
Поранешното софтверско решение не беше соодветно за нашите потреби. Немавме можност истовремено да ги следиме материјалните промети, финансиите и залихите. На пазарот ни беа понудени многу софтверски решенија, но кај никое од нив не го препознавме квалитетот и професионалноста кои беа нашиот примарен критериум. PANTHEON ни овозможува следење на материјалното и финасиите во еден интегриран систем.
Решение:
Она што PANTHEON ни го понуди како можност е сеопфатното фактурирање, следењето на продажната и набавната цена, како и следењето на залихите. Поради природата на нашата работа, како наше карактеристично барање беше наведено следењето на артиклите според примарна и секундарна единица мерка. На тој начин секогаш имаме точни податоци за залихите и примената и продадена количина.
Заклучок:
После анализата, претпријатието отпочна со купување на 3 SE лиценци, кои се воведени во сите работни одделенија.
- Состојба по воведувањето на PANTHEON
- Поврзаност на сите функции во претпријатието
- Намалување на трошоците за “непотребна” залиха
- Нормативни резултати во текот на самиот процес на работење
- Анализа на податоци
- Можност за оптимизација (залиха, работни процеси, финсиски трансакци) врз основа на PANTHEON.
- Автоматизам – постигната е ефикасност и точност на податоците.
Најмногу ни се допаѓа – Сè! Прегледноста која ни ја нуди PANTHEON ни овозможува да работиме со максимална точност, а сето тоа низ алатки кои се едноставни за ракување, а кои го прават системот максимално интегриран. И денес, откако процесот на имплементација е целосно завршен, како особена придобивка за нас е помошта од далечина.
Секогаш сме во можност да потврдиме дека работиме со точни податоци и дека сме задоволни корисници.