Дигитална Трансформација во трговски компании
Разговаравме со Павлина С.Тодоровска, каде во нејзиното сметководствено биро ја користи PANTHEON Cloud услугата.
Накратко, Павлина дали можеш да ни одговориш со какви фирми работи твоето сметководствено биро и што им препорача на твоите клиенти?
ПАВЛИНА: Дел од клиентите на моето сметководствено биро се трговски фирми. Им препорачав да тргнат во Дигитална трансформација и да ја воведат PANTHEON Cloud услугата.
Зошто им ја препорачавте оваа услуга и што добија вашите клиенти со вклучување на оваа услуга?
Моите клиенти со вклучување на услугата PANTHEON Cloud деловните процеси започнаа да ги администрираат, контролираат, но и да се информираат за сите значајни параметри, како што се менаџирање на залихите, точно определена локација на секој производ и известување за минималната залиха на одредени арикли. Тие исто така добија:
- Ефикасни процедури за подготовка на понуди и менаџирање на продажбата
- Планирање на ресурсите
- Планирање на залихата
- Следење на профитабилноста на секоја локација
- Менаџирање на сите локации
Што добивте Вие како сметководствено биро со вклучувањето на PANTHEON Cloud услугата?
Од страна на моето сметководствено биро, работите се многу подобро организирани. Моите клиенти повеќе не ми ги носат документите еднаш месечно, туку јас можам веднаш да ги погледнам кога ќе ги креираат. Моето сметководствено биро, повеќе не е претрупано со хартија. Сите оригинални документи, ги гледаме дигитализирано, без потреба да трошиме од нашиот деловен простор! Со PANTHEON Cloud услугата добивме дополнително:
- Брза подготовка на ДДВ пријава… од пресметка до пријава на ДДВ пријавата во УЈП. Комплетно автоматизирано
- Неброени опции за пресметка на плата, по различни основи и пресметки
- Брз преглед на дигиталната архива на документи
- Трговски книги секогаш достапни
- Комплетно автомаризирано книжење на СИТЕ документи
- Извонредни извештаи кои им ги испраќам на клиентите, директно од системот.
Засега, PANTHEON Cloud услугата e одлична поддршка и дефинитивно треба да работиме на усвојувањето на нови алатки како за нас, така и за нашите клиенти. Препорачувам сите да се вклучат во процесите на дигитализацијата што е можно поскоро, а PANTHEON Cloud е навистина одлична основа.