Премиум Смарт Акаунтинг е партнер на Даталаб МК, кој на своите корисници им нуди модерни сметководствени процедури. Користењето на модерно деловно решение, дополнето со искусниот тим на Премиум Смарт Акаунтинг овозможува оптимизирање на деловните процеси во вашата компанија, се зголемува вашата деловна ефективност и ефикасност, а со тоа се зголемува продуктивноста и профитабилноста на компанијата.
Денес, дигиталната трансформација целосно го менува начинот на кој функционира бизнисот, па затоа, се доаѓа до потребата од оптимизирање на деловните процеси за администрација, сметководство, интерно менаџерско известување преку дигитализација и воспоставување на модерен деловен информатички систем.
Тимот на Даталаб МК направи едно кратко интервју со Павлина С.Тодоровска, Директор во Премиум Смарт Акаунтинг, каде ни сподели интересни искуства од сметководствениот сектор. Прочитајте повеќе во прилог.
Павлина, кој софтвер го користите во вашето сметководствено биро и кои услуги ги користат вашите клиенти?
ПАВЛИНА: Јас во моето сметководствено биро го користам PANTHEON ERP решението, каде овој деловен софтвер, ме поврзува со моите клиенти. Податоците се сместени на најквалитетни сервери за податоци, а базата ја делам со моите клиенти. Клиентите на сметководственото биро, ја користат PANTHEON Cloud услугата, за да:
- Креираат фактури
- Прават прием
- Користат најразлични извештаи со кои располага Pantheon
- Проверуваат побарувања од купувачите
- Контролираат обврски кон добавувачите
- Евиденција на патни налози
- Преглед на плата на секој вработен Бруто-Нето
- Имаат детален увид во материјалната евиденција на артиклите со кои работат
Која придобивка ја добивте Вие од користење на ЕРП решението PANTHEON?
ПАВЛИНА: Синхронираноста со моите клиенти во Real Time е мојата нај моќна алатка за да им ја покажам целосно грижата и важноста на нивната документација, да е прокнижена во истиот момент на нивна изработка. Со овој технички начин на поврзаност овозможен од Даталаб сите мои клиенти чувствуваат како да сум во нивната Компанија, дел од нивниот тим.
Оваа придобивка ги прави моите клиенти задоволни и сигурни во нашата взаемна соработка, како и поконкурентни на пазарот, бидејки имаат извонредна евиденција преку која го намалуваат проблемот на наплата на побарувањата и генерално работат подобро и поорганизирано.
А кои придобивки ги добивте во вашето сметководствено биро?
ПАВЛИНА: Од страна на моето сметководствено биро, работите се многу подобро организирани. Моите клиенти повеќе не ми ги носат документи еднаш месечно, туку јас можам да ги видам веднаш кога ќе ги креираат. Моето сметководствено биро, веќе не е претрупано со хартија. Сите оригинални документи, ги гледаме дигитализирани, без потреба да трошиме од нашиот деловен простор! Со PANTHEON Cloud добив:
- Брза подготовка на ДДВ пријава… од пресметка до пријава на ДДВ пријавата во УЈП, комплетно автоматизирано
- Неброени опции за пресметка на плата, по различни основи и пресметки
- Брз преглед на дигиталната архива на документи
- Трговски книги секогаш достапни
- Комплетно автомаризирано книжење на СИТЕ документи
- Извонредни извештаи кои им ги испраќам на клиентите, директно од системот
Кои дополнителни модули им ги понудивте на вашите клиенти во нивното работење?
ПАВЛИНА: Ние, исто така на дел од клиентите им го активиравме и модулот за наплата на побарувањата кај нивните клиенти – за да добијат дополнителни приходи од новата услуга, но им овозможивме и следливост на искористеното време за секој корисник за да ја идентифицираат сопствената профитабилност.
Дали го препорачувате PANTHEON на вашите клиенти?
ПАВЛИНА: PANTHEON е платформа која искрено ја препорачувам. Нашето сметководственото биро доби деловен систем кој ни овозможува модерно и квалитетно функционирање.
Кој клиенти би можеле да ги издвоите како ваши задоволни клиенти од користење на програмот PANTHEON?
ПАВЛИНА: Наши задоволни клиенти кои го користат програмот PANTHEON се: Спектрум сервис, Пика Архитект, Алпинвуд, Микеле транс, Текнометал, Близнак транспорт, Рагаззи, Бундо Мак и многу други.