Дигитална Трансформација во производни компании
Разговаравме со Павлина С.Тодоровска, која има интересно искуство со Pantheon Cloud услугата. Павлина, Вие како Сметководител, како се справувате со производствените компании?
ПАВЛИНА: Производствените компании секогаш се голем предизвик за сметководителите. Јас овој предизвик успешно го решавам со PANTHEON cloud услугата.
Што им овозможи PANTHEON Cloud услугата на твоите клиенти?
PANTHEON Cloud услугата на моите клиенти им овозможи да ги прегледуваат тековните и минатите операции според критериумите избрани од корисникот, или според одделни деловни единици или оддели за производството, време, производи и слично. Оваа услуга им овозможи управување и анализа на сите производни процеси и целосна следливост и поддршка на логистиката и другите деловни процеси. Дигиталната трансформација денес е неопходна деловна алатка за управување, каде на клиентите им се зголемува ефикасноста во работењето и администрирањето на производството. Дополнително им се олесни и процесот на:
- Планирање на ресурсите
- Следење на репромателијате по варијанта
- Планирање на репроматеријалите
- Оптимизирање на работните налози по машини (терминирање на производството)
- Пишани инструкции (работни налози) за вработените со кои се дефинираат ресурсите, алатите, репроматеријалите, операциите за производство, технолошка постапка, заштитни мерки …
- Нормирање на операциите и исплата на бонуси за успешност
- Следливост на готовиот производ
Што дополнително се подобри во вашето работење како сметководител?
Работењето ми стана многу подобро, побрзо и поорганизирано. Моите клиенти повеќе не ми ги носат документи на месечно ниво, туку јас можам да ги видам веднаш кога тие ќе ги креираат. Мојата канцеларија, повеќе не е претрупана со хартија. Сите оригинални документи, ги гледаме дигитализирани, без потреба да трошиме од нашиот деловен простор! Со PANTHEON cloud услугата исто така дојдов до:
- Брза подготовка на ДДВ пријава… од пресметка до пријава на ДДВ пријавата во УЈП, Комплетно автоматизирано
- Неброени опции за пресметка на плата, по различни основи и пресметки
- Брз преглед на дигиталната архива на документи
- Трговски книги секогаш достапни
- Комплетно автомаризирано книжење на СИТЕ документи
- Извонредни извештаи кои им ги испраќам на клиентите, директно од системот
PANTHEON Cloud услугата целосно ги задоволува потребите на нашето сметководствено биро. Немаме потреба да размислуваме за нови верзии и надградби на програмата, не трошиме пари за одржување на опремата и серверот, а нашите податоци се едноставно безбедни.