PANTHEON функционалности – Бизнис интелегенција – Контролни табли по мерка
Контролни табли се наменети за оние кои работат со управување и аналитика и секој кој сака алатка за прегледување на процесите во компанијата. Моќната деловна анализа ви овозможува да го гледате вашиот бизнис во сите нивоа на деловната активност. На овој начин, управителите на компаниите секогаш имаат преглед на бизнисот и клучните информации се наоѓаат на едно место. Информациите и анализите можат да се извезуваат преку е-пошта или преку MS Excel со само еден клик.
Дополнителна функционалност е подготовка на извештаи и автоматски распоред. На пример, на крајот на неделата, менаџерот за продажба преку е-пошта автоматски добива информации за продажбата за тековната недела која следи.
Прегледот на работењето може да се прилагоди според потребите на вработените. На пример, управителот ќе прегледува поразлични информации од оние на продавачот, а тие иформации се поразлични од информациите што ќе ги прегледува службеникот за сметководство. Податоците можат да бидат презентирани во едноставен формат или во поконкретен формат.
Бидејќи деловната анализа е веќе интегрирана со PANTHEON, не бара никакво поставување или програмирање. Бидејќи е интегрирана од старт со централниот систем значи ќедобиете пониски трошоци и пониски трошоци за одржување!
Прилагодено на вашите потреби
Контролните табли се исклучително лесни за употреба и ви овозможуваат да уредувате функции за секој поединец. Така, системот е прилагоден на потребите на управителот на компанијата покажувајќи му ги клучните податоци, а за вработените кои работат со финансии обезбедува детална аналитика со специфични податоци.
Корисниците можат да креираат призволен број на контролни табли, а на располагање имаат и претходно дефинирани контролни табли. Тие веќе се подготвени со различни параметри и формули и начини за презентирање на бизнисот на компанијата, така што треба само да ги пополниме со податоци и со тоа да имаме увид во бизнисот. Така што повеќе нема да треба да пребарувате по клучните информации на различни локации, да ги копирате и комбинирате во посебни документи. Сите информации што ви требаат за да донесете добри деловни одлуки се достапни со само неколку кликања.
Повеќе детали:
-
- преглед во форма на графикони, табели, бројачи, ротациони табели, ротациони графикони, како произволен ARES или во форма на Google Maps мапа,
- претходно дефинирани контролни табли,
- лесна изработка на призволни контролни табли,
- можност за користење во разлилни одели во комапнијата,
- автоматско отворање на контролни табли со вклучување на програмот PANTHEON,
- презентација на OLAP или SQL податоци,
- различни видови на контролни табли, како што се:
-
- економично работење,
- ликвидност на компанијата,
- задолженост,
- профитабилност,
- активни компании,
- брз преглед на работењето….
Вклучено во лиценците
Дигитализирајте го вашиот бизнис со услугите на PANTHEON еРаботење.
Даталаб МК д.о.о.е.л
Бул. 8ми Септември 2/2, 5 кат
1000 Скопје, Македонија