Деловни Решенија, Дигитализација
Зошто резервните копии се неопходни?
Веројатно секогаш кога ќе помислите на резервна копија, помислувате на зборот „непроценливо“. Правењето резервна копија трае само неколку минути, но може да заштеди многу време и напор, а најмногу од се – грижи. Можеме да поставиме резервна копија, како автоматска задача и да стане редовна ноќна резервна копија на податоци, така што податоците ќе се складираат на безбедно место секој ден, додека ние можеме да спиеме без грижа.
Доколку некогаш се сомневате во потребата од резервна копија, разгледајте ја следната статистика:
- 93% од компаниите кои ги изгубиле своите податоци, по 10 дена или повеќе поднеле барање за стечај на компанијата [I]
- 70% од сите компаниите погодени од пожар, кои го изгубиле пристапот до серверите или податоците, престанале да работат во рок од пет години, од кои 30% во рок од една година. [ii]
- 7 од 10 мали бизниси кои доживуваат значителна загуба на податоците, престануваат со работа во рок од една година.[iii]
Ова се само неколку бројки, но тие докажуваат дека резервната копија е разумна деловна одлука. Сега, ајде да го разгледаме овој процес подетално.
Неверојатно е колку ретко компаниите се одлучуваат за резервна услуга, иако тоа е процес кој е всушност клучен за континуитетот на бизнисот. Резервната копија често се гледа како осигурување – купена и заборавена додека потребата за тоа не стане очигледна. Вистина е дека користењето хост услуги обезбедува поголема безбедност на податоците отколку на локалните сервери. Услугите на хост ни помагаат да соработуваме и да се поврзуваме без разлика каде работиме. Но, само затоа што постојано создаваме податоци во облакот не значи дека имаме целосна контрола над нив.
Размислете за следните примери:
- случајно сте ги избришале сите меилови во вашето сандаче од е-поштата
- сте ги избришале податоците на поранешен вработен, без да ги пренесете податоците на друга локација
- случајно пренесете вирус кој се шири на останатите локални компјутери
- дефект на компјутерот, кој ги складира сите ваши податоци, што сè уште не сте успеале да ги пренесете на хост
- некој ви го украл компјутерот
- настанува природна катастрофа (поплава, пожар и сл.)
Колку време би Ви било потребно за да ги вратите сите ваши податоци и повторно да го воспоставите вашиот бизнис, доколку ви се случи едно од овие сценарија? И колку би ве чинело тоа? Постои хост резервна копија за ефикасно решавање на овој проблем.
Загубата на податоци ќе ве чини многу пари
Повеќето корисници со компјутери некогаш се соочиле со загуба на податоците.Доколку изгубите неколку минути работа или избришете неважни датотеки, последиците не се катастрофални. Но, што ако ја изгубиме целата документација за компанијата и клиентите?
Повеќето не се грижат за тоа, бидејќи не ни помислуваме дека такво сценарио може да се случи. Премногу веруваме во компјутерската опрема, која, како и сите работи, е расиплива. Многу луѓе не се свесни за сериозноста на овој проблем, главно затоа што не ја гледаат вредноста во дигиталните податоци, и во заштитата на податоците, особено непотребните трошоци што се прават, на пр. со изнајмување простор на серверот на оддалечена локација.
Всушност, и дигиталните податоци чинат пари. Нивната вредност може да се процени со пресметување колку би чинело доколку сите изгубени податоци треба повторно да се попишат. Само помислете колку време ќе ни треба повторно да ги внесеме сите податоци – под услов, се разбира, да можеме воопшто да ги вратиме.
Што е Cloud резервна копија?
Cloud резервната копија и овозможува на компанијата да испрати копија од сите податоци до cloud-от на оддалечена локација, каде што е заштитена од потенцијални катастрофи и од каде што може да се обнови доколку локалните податоци се компромитирани за да се обезбеди континуитет на бизнисот.
Покрај заштитата од загуба на податоци или вируси, многу компании треба да ги обезбедуваат податоците во облакот за да ги исполнат индустриските стандарди или прописи.
PANTHEON сигурносна копија
PANTHEON Резервната копија, значи дека складираме копија од PANTHEON базата на податоци во податочниот центар на Телеком Македонија, која ја користиме на нашиот сервер. На овој начин ја автоматизираме дневната резервна копија на најважните податоци на компанијата. Со поставување на соодветни опции во PANTHEON, вашите податоци може да се складираат подеднакво безбедно како и за корисниците на PANTHEON хостинг услугата со резервни копии и можност за обновување на податоците за последните 7 дена, па се до последните 12 месеци.
Viri:
[i] National Archives & Records Administration, Washington, DC.
[ii] Home Office Computing Magazine
[iii] DTI/Price Waterhouse Coopers