Важноста на вештачката интелигенција (АI) во сметководството
Деловниот софтвер им помага на сметководителите да управуваат и да ги координираат секојдневните работни процеси во различни области како што се финансиите, секојдневното работење и човековите ресурси. На овој начин, сметководителите можат да ја подобрат нивната ефикасност, точност и продуктивност преку автоматизирање на задачите, интегрирање на податоците и овозможување увид во работењето на нивните клиенти.
Кога деловните процеси стануваат покомплексни и подинамични, конвенционалните системи обично не можат да бидат во тек со брзо променливите потреби и очекувања на клиентите, вработените и сите останати засегнати страни. Токму овде доаѓа во игра вештачката интелигенција (АI). AI ја претставува способноста на машините да извршуваат задачи кои вообичаено бараат човечка интелигенција, како што се учење, расудување и одлучување, особено кога обемот на податоци ги надминува способностите за човечка анализа. АI може да ги подобри деловните апликации (ERP) главно во следните области:
Напредна аналитика и подобар преглед:
AI може да користи историски и тековни податоци за да предвиди и препорача различни оперативни активности како што се планирање на производството, управување со залихи, трендови на побарувачка и перформанси на продажба. Исто така, може да помогне да се идентификуваат моделите, трендовите и аномалиите во податоците и да се обезбедат можни појаснувања и предлози за подобрување.
Човекови извори:
AI може да помогне да се автоматизираат и оптимизираат активностите за човековите ресурси, како што се регрутирање, управување со перформанси, управување со платен список и мотивација кај вработените. Дополнително, вештачката интелигенција може да ги прилагоди услугите за човековите ресурси на индивидуалните потреби и побарувања на вработените, како што се развој на кариера, можности за доживотно учење и повратни информации.
Финансии/сметководство:
AI може да помогне и со автоматизирање и оптимизирање на рутинските сметководствени задачи како што се внесување физички фактури во дигитална форма (OCR), обработка и ликвидација на трансакциите, проверка на исправноста на фактурите и генерирање извештаи. Со овозможување на увид во готовинскиот тек, капиталот, профитабилноста и ризикот, AI може да го подобри финансиското управување во компанијата.
Услуги за клиенти:
AI може да помогне да се обезбеди побрза, поевтина и поконзистентна услуга за клиентите со користење на чет-ботови, гласовни асистенти или други системи за разговор со цел да се одговори на вообичаените прашања, да се решат проблеми или да се обезбедат сигурни информации.
Интелегентно управување со сметководствените процеси
Сметководството во PANTHEON го надминува традиционалното сметководство благодарение на интелегентното управување со сметководствените процеси. Со интегрираната вештачка интелигенција, се оптимизира снимањето на физичките документи и книговодството, следењето на трошоците и управувањето со финансиските текови, што резултира до побрзо и попрецизно сметководство. еКнижењето во PANTHEON користи технологија за оптичко препознавање знаци (OCR), што го олеснува препознавањето и снимањето на информации од физичките фактури. Ова ја зголемува точноста и брзината на обработката на документите.
Услугите за еРаботење во PANTHEON, како што се деловните процеси, ликвидација на сметка и синхронизација на еПошта, носат ефикасно управување со документацијата и деловните процеси. Тие им овозможуваат на сметководителите лесно да ги следат и контролираат нивните секојдневни задачи.
PANTHEON Сметководството и сродните еБизнис услуги со интеграција на вештачката интелигенција ја отвораат вратата за нови можности во сметководството. Тие не само што го поедноставуваат извршувањето на секојдневната работа, туку и им овозможуваат на сметководителите да вршат подобри анализи, претпазливо стратешко планирање и сеопфатно управување со сметководствените процеси. Дигиталната трансформација на сметководството со PANTHEON Accounting е клучот за подобро, побрзо и пофлексибилно работење, што во денешното деловно опкружување претставува важна конкурентска предност.