Општи теми, Сметководство, Прописи и Регулатива, Деловни Решенија, Претприемништво, Дигитализација
PANTHEON конференција: Дигитализација 2019
Позади нас е уште една успешна PANTHEON конференција која се одржа на 14ти мај во хотел Мериот, Скопје.
Целта на конференцијата беше да се истакнат актуелните иновации во областа на законодавството, претприемништвото и економијата, како и иновациите кои се носители на дигитализацијата практично применети во PANTHEON.
Конференцијата ја отвори ТВ водителката Елена Митева, каде го најави директорот на Даталаб Македонија, Владо Митев, кој ни ги претстави накратко целите на компанијата Даталаб како и PANTHEON во дигиталниот свет.
На конференцијата се претставија реномирани експерти од областа кои дискутираа на теми за состојбата на дигиталната трансформација во Македонија, факторите за подигање на свесноста за дигитализацијата во различните индустрии, начините како ИКТ компаниите можат да помогнат во процесот на дигитализацијата, улогата на државата за стимулирање на економијата во областа на дигитализацијата, како и за дигитализацијата со PANTHEON денес и визијата за иднината.
Дел од учениците на оваа PANTHEON конференција беа: Анита Никова, извршен директор на МАСИТ, Mорено Родман, генерален менаџер на Даталаб Технологија, Дамјан Манчевски, Министер за информатичко општество и администрација, Анета Антова Пешева, претседател на Управниот одбор на МАСИТ, Дарјан Раденковиќ, директор за маркетинг во Браинстер и д-р Мијалче Санта, доцент на Економски факултет, УКИМ.
Горди сме на фактот што повеќе од 250 учесници ни се придружија, кои покрај нашите експерти тука беа и нашите спонзори кои се претставија со неколку новитети.
Конференцијата ја завршивме со наградна игра каде што сите активно се приклучија од сопствените паметни телефони да учевствуваат во наградниот квиз, а главната награда беше Електричен Тротинет.