,

Паметно производство со деловната програма PANTHEON

10 Дек 2024

Kaко резултат на зголемената побарувачка на пазарот и потребата за побрз, поефикасен и поприлагодлив производствен процес, современите фабрики се соочуваат со низа предизвици што ги носи дигиталната трансформација. Во ваков случај, способноста на организациите да препознаат и имплементираат иновативни технологии кои ќе им овозможат да постигнат или одржат конкурентност е клучна.

Дигиталната трансформација и мерењето на нејзината вредност

Еден од најважните аспекти за успешно спроведување на дигиталната трансформација е следењето и мерењето на вредноста што ја носи во организацијата. Истражувањето на Deloitte покажува дека 81% од организациите првенствено се потпираат на продуктивноста како главен индикатор за вредностa, но на повеќето организации всушност им недостасува поголемата дигитална слика.

Deloitte го спроведе ова истражување меѓу 1.600 деловни и технолошки лидери, во шест индустрии и 14 земји, покрај интервјуата со десет членови на одборот, анализирајќи 46 KPI во пет категории на вредности: финансии, клиенти, процеси, работна сила и визија.

Најважните резултати од истражувањето

Тројца од четири лидери ја истакнуваат тешкотијата во дефинирањето на конкретни индикатори или мерни инструменти како најголем предизвик. Организациите често мерат само дел од дигиталната вредност и премногу се потпираат на само неколку KPI. Исто така, истражувањето покажа дека само 26 од 46 KPI се користат во помалку од 55% од организациите, што укажува на неуспех да се измери целосната дигитална вредност.

Организациите кои применуваат холистички пристап за мерење на дигиталната вредност реализираат дури 20% поголема вредност од нивните дигитални иницијативи. Имено, тие имаат тенденција да инвестираат во специфични дигитални технологии и да усвојат сеопфатна рамка за KPI. Според 68% од испитаниците, дигиталната трансформација е „најважната инвестиција во моментов, но и за во иднина како би се постигнало зголемување на вредноста на организацијата“. Сепак, 73% од нив тврдат дека неможноста да се дефинираат конкретни индикатори е најголемиот предизвик.

Заклучок од истражувањето

Дигиталната трансформација бара јасна визија, насока и експертски тим кој ќе ја води организацијата низ овој процес. Додека успехот на дигиталната трансформација варира во различни индустрии, стратешките инвестиции и холистичкиот пристап за мерење на вредноста може да донесат клучни придобивки и да ја зголемат вредноста во сите аспекти на бизнисот.

Современи софтверски решенија во производството

Секој вид на производство бара специфичнa стратегија и пристап во организацијата и управувањето со процесите. На пример, сериското производство овозможува одредена флексибилност во производството на различни варијации на производи, додека повторливото производство се фокусира на континуирано производство на истите производи, што може да доведе до зголемена ефикасност.

Современите софтверски решенија во производството, како што се ERP, MES и IoT, овозможуваат оптимизација на производните процеси преку интегрирање на деловните функции, следење на процеси во реално време и поврзување со уреди за собирање и ажурирање податоци. ERP системите овозможуваат интеграција на клучните деловни функции како што се финансиите, набавките и човечките ресурси, додека МЕS обезбедува прецизно следење на производните процеси. IoT сензорите пак,  ја поврзуваат опремата овозможувајќи предвидливо одржување и следење на перформансите.

Интеграцијата на овие системи овозможува подобрена продуктивност, побрзо одлучување и оптимизација на производствените ресурси. IoT сензорите заедно со MES придонесуваат за предвидливо одржување, што ги намалува трошоците и времето на застој. ERP овозможува автоматско ажурирање на податоците за залихите и трошоците, што ја зголемува прецизноста во планирањето и ја намалува можноста за човечка грешка. Дополнителна флексибилност во прилагодувањето на промените на пазарот и специфичните барања на клиентите обезбедува долгорочна конкурентна предност.

“Паметната фабрика” се потпира на децентрализирана контрола и автономно одлучување на машините, каде што секоја машина собира и интерпретира податоци за оптимално извршување на задачите. Имплементацијата на овие решенија овозможува подобро поврзување на производството со деловните процеси, намалување на отпадот, заштеда на енергија и прилагодување кон индустриските трендови. Со паметните фабрики, дигиталните вештини стануваат клучни, бидејќи производството се повеќе се потпира на технологијата за подобрување на ефикасноста и постигнување на стратешки цели.

Паметно производство со PANTHEON

Деловната програма PANTHEON ги поставува темелите за дигитална трансформација на производството и игра клучна улога во подобрувањето на производните процеси. Како што технологијата продолжува да се развива, можностите за оптимизација и иновации во PANTHEON стануваат речиси неограничени.

Предизвици во производството

Производните компании се соочуваат со различни предизвици кои ја попречуваат ефикасноста на производните процеси. Постојаното прилагодување на дневните и неделните планови за производство, нереалните стандарди во компонентите и многуте нарачки за производство на барање претставуваат само некои од пречките со кои компаниите се соочуваат. Исто така, малата прецизност на податоците, акумулацијата на полупроизводи на залиха и отсуството на шема на приоритетни задачи го отежнуваат исполнувањето на договорените рокови.

Неконтролираниот застој, често предизвикан од дефекти, може значително да влијае на точноста на плановите во производството. Слабата информативна поддршка и неоптималните планови за производство само ја влошуваат ситуацијата. Во овој контекст, клучно е да се воспостави систем кој овозможува побрзо и попрецизно одлучување, како и контрола врз сите процеси.

Како PANTHEON  помага со производствените предизвици?

PANTHEON помага со најчестите предизвици во производството преку неколку клучни решенија кои го олеснуваат управувањето со производството. Услужните работни налози овозможуваат ефикасно следење и извршување на задачите, додека веб терминалот обезбедува пристап до податоците во реално време. Автоматизацијата на производството го скратува производниот циклус и ги поедноставува процесите.

Интеграцијата на различни функционалности во рамките на системот овозможува оптимално управување со сите аспекти на производството, од суровини до финални производи. На овој начин, PANTHEON обезбедува целосен преглед на производните процеси и помага да се оптимизираат ресурсите.

Кои се предностите кај PANTHEON?

PANTHEON овозможува следење и оптимизација на целиот процес на производство на производи, што обезбедува навремена испорака и попрецизно планирање. Производството во реално време ги скратува производните циклуси, додека приспособливоста на моделот DB овозможува брза реакција на промените на пазарот. Управувањето со капацитетот на ресурсите обезбедува непречено производство, а пред-калкулацијата и пост-калкулацијата ги намалуваат трошоците преку точна проценка и оптимизација на ресурсите.

Интерактивните задачи го олеснуваат воведувањето на нови вработени, а API овозможува брза и ефикасна интеграција внатре и надвор од компанијата. Складиштето на податоци обезбедува веродостојни информации, кои се од суштинско значење за донесување квалитетни деловни одлуки.

Иднината со вештачка интелигенција

Иднината на производствениот модул во PANTHEON изгледа светла, особено со оглед на потенцијалот на вештачката интелигенција. ВИ може дополнително да ја подобри анализата на податоците, да овозможи предвидливо одржување и да ги оптимизира производните процеси врз основа на анализа во реално време. Со воведување на технологијата на вештачката интелигенција, PANTHEON ќе може да дава уште попрецизни препораки и да ги автоматизира процесите на донесување одлуки, што дополнително ќе ја зголеми ефикасноста и конкурентноста на компанијата.

Заклучок

Во принцип, современите софтверски технологии претставуваат не само алатка за подобрување на ефикасноста, туку и клучен фактор во обликувањето на иднината на производството, каде што потпирањето на податоците, аналитиката и автоматизацијата ќе се покаже неизбежно за одржување на конкурентноста на глобалниот пазар.

Деловната програма PANTHEON нуди сеопфатно решение за предизвиците со кои се соочуваат производствените компании. Подобрувањата како што се работата во реално време, брзото прилагодување на промените на пазарот, попрецизното планирање и поефикасното управување со ресурсите им овозможуваат на компаниите да бидат попродуктивни, доверливи и конкурентни. Дополнително, идниот развој на PANTHEON со воведувањето на вештачката интелигенција отвора нови можности за предвидливо одржување, анализа на податоци и информирано донесување одлуки. Со користење на напредни технологии, PANTHEON обезбедува постојано зголемување на приспособливоста на производните процеси кои стануваат побрзи и поефикасни, обезбедувајќи им на корисниците силна поддршка во одржувањето на конкурентската предност.

 

За повеќе информации за тоа како PANTHEON може да го подобри вашето производство, контактирајте не на 02 307 9231 или info@datalab.com.mk

Не пропуштајте корисни новости и совети

Доколку сакате да добиете новости со корисни бизнис содржини од нашата База на Знаење, Ве молиме пополнете го образецот.

X