Нова одлична вест од Даталаб и Македонски Телеком за компаниите во Македонија, кои сакаат дигитално да се трансформираат

9 Авг 2022

Двете компании потпишаа нов договор со што ја прошируваат соработката, која дава одлични резултати во изминатите 10 години. Како резултат на оваа децениска соработка, огромен број на македонски компании, користат деловен софтвер во cloud околина. Преку услугата Pantheon е-сметководство, овие компании имаат можност да ги користат придобивките од извонредниот деловен софтвер на Даталаб, хостиран во дата центарот на Македонски Телеком, кој е изграден по сите светски стандарди и сето тоа по прифатлива месечна цена за користење на оваа дигитална услуга. Наместо вложување и одржување на сопствена ИТ околина, корисниците на Pantheon е-сметководство месечно ги покриваат трошоците за модерен деловен софтвер (ERP software), сместување и заштита на податоците, бекап, достапност, нови верзии …

Директорот на Даталаб МК, Сашо Јовановски по повод новиот договор со Македонски Телеком изјави:Нашата извонредна соработка со Македонски Телеком, е со цел да ги подобриме дигиталните услуги и алатки  базирани на деловниот софтвер PANTHEON ERP, да имаме побрз пристап до податоците од каде било и во кое било време. Овој нов договор ќе им овозможи на корисниците во Македонија нови дигитални алатки, како надоградба на Pantheon е-сметководство услугата, која е веќе добро позната од 2012 година во сите земји од регионот. Овие нови дигитални услуги, веќе дадоа одлични резултати во Србија, Црна Гора, Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија, па сме сигурни дека ќе бидат одлично прифатени и од корисниците во Македонија.  

Новите интегрирани е-услуги кои се веднаш достапни на македонските компании се :

  • PAW (Pantheon WEB – веб базирана верзија на Pantheon)
  • еДокументација (document management system),
  • Бекап на податоци

А во најава ги подготвуваме и следниве:

  • еКнижење (OCR препознавање и внес на влезни фактури)
  • еФактура (размена на дигитални фактури)
  • СМС известувања (интегрирано решение за нотификација од Pantheon)

Овие нови е-услуги, подржани од консултантите за дигитална трансфромација, ќе придонесат за целосна дигитална трансформација и развој на македонските компании.

Даталаб Македонија, како дел од ДАТАЛАБ групацијата, обезбедува деловен софтвер во повеќе држави од Југоисточна Европа. Мисијата на Даталаб е поддршка на компаниите во процесот на дигиталната трансформација, обезбедувајќи дигитални алатки и консултантски услуги, кои се потребни за оперативно функционирање на деловните субјекти. Имплементираниот деловен софтвер е секогаш во склад со законите во нашата држава, каде компаниите добиваат сигурна деловна платформа.

Денес, Даталаб има над 78.000 корисници во 12 држави во Југоисточна Европа, и претставува најголемиот понудувач на деловен софтвер во регионов, со најголем пазарен удел во делот на деловен софтвер во Македонија во последните години.

Македонски Телеком е водечки национален телекомуникациски оператор којшто е дел од Групацијата Дојче Телеком од 2001 година. Компанијата ги обезбедува следните услуги за приватни и деловни корисници: говорни и податочни услуги преку мобилна и фиксна мрежа, интернет услуги, конвергентни услуги, дигитална телевизија и напредни Cloud и ИКТ решенија. Компанијата се изгради и се позиционираше како предводник на дигитализацијата на општеството и креира одржливи вредности за сите.

Не пропуштајте корисни новости и совети

Доколку сакате да добиете новости со корисни бизнис содржини од нашата База на Знаење, Ве молиме пополнете го образецот.

X