, ,

На Кого му е Потребен ERP? Анализа по Големина на Компаниите

22 Дек 2016

Компанија од 21-от век. Работодавец од 20-от век? Не оди. Светот се менува, тоа веќе сите го знаат, но колку брзо и на која страна ќе отиде тоа за сега е голема мистерија. Cloud, сигурност, приватност, IoT (Internet of Things, ERP, CRM или нешто сосема различно?

За овој блог прашањето на кое ќе се обидеме да одговориме е прашање кое често се слуша во текот на разговорите и со колегите и со партнерите и со корисниците. На кого му е потребен ERP?

ERP Дефиниција

Ако тргнеме од самата дефиниција за ERP која гласи ERP (Ен. скратено Enterprise Resource Planing) е процес на управување и планирање со деловните ресурси, ќе видиме дека ERP не е само софтверско решение. ERP е ПРОЦЕС кој најчесто е поддржан од некое Софтверско решение.

Значи, краткиот одговор гласи: ERP како процес е потребен на сите. ERP како специфично решение (и кое?) исто така би им било потребно на сите, со таа напомена дека во тоа е многу важно да се види кое решение е најдобро за вашата компанија. И важно е да се размисли за сопствените потреби, големината на компанијата, бројот на корисници, комплексноста на системот, како и, нормално, вкупната цена на набавката, имплементацијата и користењето на еден таков софтверски систем (Ен. скратено TCO – Total Cost of Ownership).

ЕУ Класификација на Компаниите – Стандард кој Сите го Следиме

Кога зборуваме за големината на компанијата, многу е важно да се земе во обзир некоја основна категоризација на компаниите. Ако ја погледнеме ЕУ Класификацијата и Статистиката можеме да видиме дека компаниите се поделени на 4 основни категории (по бројот на вработени):

  1. Под 10 вработени – Микро компании
  2. Од 10 до 49 вработени – Мали компании
  3. Од 49 до 249 вработени – Средни компании
  4. Преку 250 вработени – Големи компании

Во регионот е усвоена истата класификација по бројот на вработени.

Зошто е Важен Бројот на Вработени Како Критериум за Големината?

Многу едноставно, луѓето користат програм. Бројот на луѓето кои се вклучени во деловните процеси веројатно во некој период можеби имаат потреба да користат ERP решение. Поради тоа, кога се размислува за бројот на лиценците, бројот на корисниците, големината на компанијата во согласоност со бројот на потенцијалните корисници на системот има смисла да се земе во предвид бројот на вработени.

Ајде сега да видиме што и на кого можеби му е потребно.

Изберете решение по ваша мерка

Мултинационални Корпорации

Најголемите на светот. Многу јасно, разбирливо и едноставно. Доколку не сте на Fortune 500 листата не сте помеѓу најголемите…

Овие компании имаат многу голем број на корисници на ERP софтверот (60-1000+) со преку 2000 вработени. Приходите најчесто се високи, а стигнуваат и преку 250 милиони евра.

Предизвиците се разни. Нерамномерно работење, држави, региони, континенти. Кој знае колку законски регулативи, локални, регионални, глобални, поврзување во еден систем, известување, интеграција, локални системи… и кој знае што уште. Проблемите кои ги имаат овие компании не се суштински во нивната комплексност, туку во нивниот обем. Големата количина на луѓе, документи, податоци. Обработување толкава количина на податоци во податоци што имаат функција на толкав обем и толку нивоа навистина бара многу повеќе од софтвер.

Дали на овие компании им е потребен ERP? Секако! и не само ERP. Веројатно им се потребни уште многу работи, но за овие компании не постои дилемата. ERP е основата на нивното работење.

Големи Компании

Во оваа група спаѓаат сите компании со повеќе од 250 вработени кои исто така можат да работат во повеќе земји и на повеќе пазари, но не припаѓаат на мултинационално односно глобални компании.

Предизвиците се големи и личат на оние кои ги имаат мултинационалните корпорации, но во помал размер. Повеќе локации, повеќе држави, синхронизација на податоци, луѓе, процеси и активности. Следење на реализацијата, критериуми, централизирано известување, планирање и многу повеќе. Најчесто тука е и некое производство, дистрибуција, партнерско-дистрибутивна мрежа, попусти, статуси, испораки… Скори истите активности како и мултинационалните, меѓутоа веројатно со многу помалку ресурси (луѓе, време, пари).

Дали големите претпријатија имаат потреба од ERP решенија? Да, секако. Доколку сакаат да имаат централизирано управување на компанијата, потребно е да имаат и централизирано управување со информациите.

Средни Компании

Ако сте средно претпријатије, веројатно веќе сте ги искусиле предностите и маните на средината. Преголеми да можете да работите како кога бевте мали, а премали сте да ги воведете сите убавини на системот за големи претпријатија. Средните претпијатија се оние кои растат и се развиваат и веќе ги имаат поминато <<сите детски болести>> и сега се во фаза на стабилност раст и развој. Да не се повторуваме премногу, предизвиците се големи личат на тие на големите, меѓутоа со уште помали ресурси. Сепак, за разлика од малите, финансиите се стабилни, процесите и процедурите постојат.

За овие компании ERP е многу важен и он помага да се потврдат, унапредат и рафинирааат веќе утврдените процеси кои работат, поинаку фирмата не би ни станала средно претпријатије. Вкупните трошоци за ERP решение се важни за компаниите од оваа големина, поради ограничените ресурси.

Мали Компании

Најголемиот број компании, по своите критериуми, светски, регионални и локални, припаѓаат во оваа категорија. Европската статистика покажува дека заедно малите и средните компании претставуваат 99,8% од вкупниот број компании кои работат на територијата на ЕУ. Од тоа малите доминираат.

За овие компании ERP е процес и софтвер. Многу е важно, од нашето искуство, овие компании во текот на имплементацијата на ERP софтверот да имплементираат и ги средуваат деловните процеси. Тоа е прилика за она што со години се <<оставало на страна>> да биде средено однапред. За овие компании клучен критериум би требало да биде искуството на консултантите за имплементација на ERP решение.

Микро Компании

(SOHO – Small Office/Home Office)

Специфична категорија на компании се оние под 10 вработени. Тоа се најчесто компаниите кои самошто започнуваат со работе се соочуваат со сите предизвици: редовни купувачи, стабилен прилив, финансиска стабилност, процедури, процеси, организација. Овие компании се сеуште недоволно организирани, структурирани, со релативно лабав ланец на управување и преклопување на одговорностите на поединците. Најчесто сопственикот е директор <<главен и одговорен>> за се што се случува во компанијата.

И овие компании можат да размислуваат за ERP решенија, но секако не би требало да размислуваат за комплицирано, сложено и скапо решение. За овој тип на компании најдобро е да се гледа во смер на решенијата кои се скалабилни односно имаат можност да растат и да се развиваат соодветно со растот и развојот на компанијата.

На Кого му е Потребен ERP, на Крајот?

Како сеопфатен систем за управување со компанијата, ERP изгледа е потребен секаде каде: а) имаме Enterprise (во наш превод – претпријатије неповрзано за големината), ресурси (машини, алати, компјутери, луѓе, знаење, капитал…) и потреба за нивно планирање и управување. По дефиниција ERP е потребен на сите.

 

Не пропуштајте корисни новости и совети

Доколку сакате да добиете новости со корисни бизнис содржини од нашата База на Знаење, Ве молиме пополнете го образецот.

X