, , ,

Можете ли да си дозволите да работите од дома?

10 Мар 2020

Ширењето на Корона вирусот не можеме да го контролираме, но можеме да бидеме добро подготвени. Ова не се однесува само на компании поединци, туку и за меѓународни компании. Во последниве денови, забележавме зголемување на прашањата поврзани за работата од дома, дигитализација на бизнисот и воведување на бизнис со безхартиено работење. Факт е дека постојат алатки со кои бизнисот може да работи без проблеми, без физичко присуство на вработените на работа. Ова ја намалува потребата за физички контакт со луѓето.

Дали вашиот работодавец ви дозволува да работите од дома?

Работата од дома е се повеќе распространета во ерата на глобализацијата и флексибилноста на пазарот на трудот. Развојот на технологија, исто така, станува попосакуван и поудобен начин за работење. Што е потребно за еден работник да може непречено да ја извршува својата работа од дома? 

Особено е важно компанијата да има јасна организациска структура, да работи што е можно повеќе дигитално, за вработените да имаат пристап до најважните податоци и документи што им се потребни во нивната работа, а комуникацијата да се одвива нормално помеѓу вработените, како и помеѓу вработените и клиентите, добавувачите и деловни партнери.

 

Дали вашата работа ќе работи непречено доколку вашите вработени не се на нивните работни места (канцелариите)?

Основата лежи во ИТ решенијата кои им овозможуваат на повеќе лица да пристапат до истата база без оглед каде се наоѓаат. Систем за деловни информации засновани на облак (cloud) го овозможуваат тоа. Податоците се сместени во една централна точка, каде ќе можете да пристапувате колку што ви е потребно. Доколку работите сите од дома, вашите вработените ќе можат лесно да ги гледаат фактурите, да прават нарачки, контрола на инвентарот, итн. Без да излегуваат од нивниот дом. Со деловна апликација базирана на облак (cloud), деловниот преглед е веднаш достапен со еден клик, што ви дава голема флексибилност. Некои би биле запрепастени од фактот дека, покрај вирусите што нè опфаќаат во нашиот секојдневен свет, ние исто така сме сведоци и на хакерски напади и сајбер-вируси. Можеме да ве увериме дека безбедноста на податоците е најважно, а нашиот ERP PANTHEON редовно се грижи за нив, бидејќи базите на податоци се безбедно складирани на серверите на Телеком Македонија. Секојдневно се прават резервни копији, бидејќи до некаква незгода може да се дојде било кој ден, затоа е подобро да бидеме подготвени.

 

Подготвени сте за комплетен дигитален бизнис?

Доколку деловната програма е „мозок“ на деловната активност, документите и информациите се нејзина крв, која мора да циркулира цело време за да може да го „опфати“ целото тело, за компанијата да работи нормално. Во случај на дигитализирана деловна активност без хартија, сите вклучени делови мора да течат низ дигитални канали што влегуваат во системот за деловни информации на компанијата. Факт е дека без воспоставен систем за автоматизација, управување и организација на документи, нема да можете целосно да ги користите информациите содржани во овие документи. Кога организираните документи кои порано се провлекуваа низ компанијата во физичка форма, а сега ни се достапни во електронска форма со услугата еДокументација, каде ни го овозможува тоа.

Покрај тоа, доколку сакате да ги конвертирате физичките документи во електронски формат, технологијата исто така ви ги олеснува работите – со услугата еКнижење која ни овозможува технологија OCR (препознавање на оптички знаци) каде го чита и претвара документот во електронски формат. Со оваа алатка, се отстрануваат сите компликации кои настануваат со пишување, пренесување на документ од лице А до лице Б, испраќање преку пошта, итн.

 

Како непречено да го водите вашиот бизнис и да се грижите за здравјето на вашите вработени?

Разбирливо е дека контактот помеѓу луѓето не може целосно да се спречи, но можно е да се трансформира начинот на кој се работи бизнисот во претпријатието, во духот на дигитализацијата. Текот на настаните во последните денови во Македонија и ширум светот отвора се повеќе дебати за тоа како да се работи и како да се одржи здравјето на нашите вработени и покрај итните случаи. Технолошките решенија што постојат ни овозможуваат, во случаи кога не е добро здравјето на вработените, непречно да работат од дома.

Прашањето е дали вашиот бизнис ги користи овие дигитализирани алатки. Дали е подготвена вашата деловна инфраструктура? Дали тоа го дозволува вашиот деловно информативен систем и дали сте воспоставиле работни процеси и практики кои можат да ви помогнат да работите непречено, дури и ако не сте физички присутни во канцеларија?.

Ве охрабруваме да се соочите со овие проблеми и со вашата деловна активност.

Доколку сте заинтересирани за нашите проверени решенија, Ве покануваме да не побарате на 02 3079 231 или да ни испратите меил на info@datalab.com.mk.

Домашната работна поддршка со програмот PANTHEON и решенијата за Електронско Работење се тестирани на нашата сопствена кожа, бидејќи повеќето наши вработени деновиве успешно и непречено работат од дома.

Не пропуштајте корисни новости и совети

Доколку сакате да добиете новости со корисни бизнис содржини од нашата База на Знаење, Ве молиме пополнете го образецот.

X