Деловни Решенија, Претприемништво
Meet the Team – кратко интервју со Росица Ѓорѓиевска – ЕРП Консултант во Даталаб МК
Сакаме да Ве запознаеме малку подобро со тимот на Даталаб, под слоганот “Meet the Team” каде ќе објавиме низа кратки интервјуа со секој од вработените. Најпрво ќе направиме едно кратко интервју со нашиот “Супер Стар за 2022” година, а тоа е нашата Росица.
Традиционално веќе петта година по ред го прогласуваме најдобриот колега од секоја земја и доделуваме награда за “Супер Стар”. Многу сме горди на извонредните колеги што ги имаме и правилно е да го препознаеме и наградиме нивниот труд и придонес за изминатата година.
Росица е одличен тим лидер, работник и другар во секој поглед, по вокација е Дипломиран Машински Инженер, а се опишува себеси како позитивна, насмеана личност, љубител на природата и животните. Омилен коктел и е Кума (Godmother), а омилена дестинација Њујорк. Во кулинарството би ја избрала морската храна во секое време од годината, а како најголем фан на серијата Friends, по работното време се опушта со некоја епизода од серијата и чаша бело вино. Нејзино хоби е шетање во природа или на планина со кучето и семејството.
Во прилог целото интервју со Росица Ѓорѓиевска, ЕРП Консултант во Даталаб МК.
Ја започнавте кариерата со позиција Консултант за ЕРП софтверот PANTHEON. Што ве привлече? Со какви вештини се стекнавте?
На работното место секојдневно се соочуваме со секакви проблеми поврзани со решението Pantheon, а најчесто од нас како консултанти се бара решение сега и одма. Тоа во голема мера ми помогна да научам добро да работам под притисок, со ладна глава и сконцентрирано. Ги развивам моите комуникациски и деловни вештини секојдневно, комуницирајќи со клиенти од секаков тип на дејност.
Што ве натера за да се посветите на оваа професија?
Моите почетоци со Pantheon беа малку различни од ова што го работам сега – всушност работев во фирма која го користеше програмот Pantheon. Таму се роди желбата подобро да го научам програмот, па следен чекор беше доаѓањето во Даталаб МК. Оттогаш па до сега буквално секој ден учам нешто ново и секој ден ми е предизвик.
Што е важно за вас во соработката со луѓето? Кои квалитети треба да ги развивате?
Најважно е да можеме точно да го утврдиме барањето на клиентот, точно да го разбереме проблемот со кој се соочуваат за да можеме во најбрзо време да дадеме најсоодветно решение.
Со кои проблеми се сретнуваат вашите клиенти?
Па како што кажав бидејќи работиме со фирми од буквално секаква дејност, проблеми може да настанат во било кој сегмент од работењето – дали се тоа некои нови услови и правила кои се наметнати од државата, па треба да се имплементираат во Pantheon, или пак некои промени во нивното работење од организациски аспект. За се што ќе излезе како проблем, има решение, само треба точно да се дефинира и да се изведе во програмот.
Како им се олесни работењето со Pantheon?
Pantheon постојано вади нови верзии кои ги пратат последните законски измени без разлика дали се работи за нова ддв пријава, даночно олеснување за плата или било каква регулатива која ги засега претпријатијата. Тоа значи дека буквално се што треба да поднесе/пријави/изработи една компанија, може да го направи директно од Pantheon без да треба да користи екстерен програм или да вложува во дополнителни ресурси.
Кои предности ги добија клиентите со работењето во PANTHEON?
Предностите би ги дефинирала со една јапонска метода – 5С чија максима е “Место за се и се на свое место”. Pantheon е осмислен така да се што треба да внесеме како параметар за нашето работење си има свое место во програмот. Истите тие податоци си се запишани така да кога треба да вадиме извештај, се си е на свое место и лесно може да навигираме низ Pantheon и да дојдеме до посакуваниот извештај.
Што би им порачале на сите кои размислуваат за кариера во Даталаб?
Даталаб е компанија која се грижи за своите вработени и за своите клиенти. Од наш интерес е да бидат сите засегнати страни задоволни и среќни, а кога ова е исполнето, успешната соработка е неминовна, а и работната атмосфера е пријатна.
Твој цитат кој те мотивира:
„At the end, everything will be ok. If it’s not ok, it’s not the end!“ – На крајот се ќе биде добро. Ако се уште не е добро, значи не е крај!
Прочитај и Meet the Team со Анета Тимева, Тим Лидер во Даталаб МК