Meet the Team – кратко интервју со Анета Тимева – Тим Лидер во Даталаб МК

17 Фев 2022

Сакаме да ве запознаеме со тимот на Даталаб, па затоа започнуваме со еден нов концепт на кратки интервјуа – „Meet the Team“.

Прва на листата ја одбравме нашата „Super Star“ за 2021 година, одличен тим лидер, работник, другар во секој поглед, по вокација се води како дипломиран сметководител, се опишува себеси како – голема ентузијастка, омилен коктел и е whiskey sour, а омилена дестинација – Италија. Во Даталаб ја препознаваат како: Тимева, Т како Тетово и М како Македонија, кога по телефон го спелува нејзиното презиме за е-пошта.

Прочитајте го нашето интервју со Анета Тимева  – Тим Лидер во Даталаб МК.

 

Од каде почнавте и како изгледаше вашата кариерна патека?

Веднаш после завршувањето на студиите започнав со работа, во една ИТ компанија, во одделот на Маркетинг. Меѓутоа за време од два-три месеци се префрлив на позиција ЕРП консултант, бидејќи тоа беше и се уште е работата која што ме исполнува. Никогаш не е монотоно, секојдневната комуникација  со клиентите е предизвик да се научи нешто ново. Барањето и потребата на клиентите од најразлични дејности е форма на работа од голема разновидност и учење на најразлични работни процеси, а сето тоа да се спроведе низ деловниот програм.

Дополнително целиот процес на спроведување на бизнис идејата низ деловниот програм е дополнителен предизвик за учење и проучување на структуираната база на самиот деловен програм, односно навлегување подлабоко низ ИТ технологијата и програмирањето. Кога имате можност да работите на двете различни области, а воедно главната задача е да ги споите во една целина, е извонредна мотивиција за работа, длабочината во знаењето со еден збор претставува – големо задоволство во работата.

Кое е вашето најголемо достигнување во Даталаб?

Според мене најголемото достигнување во Даталаб, е широката можност што ја нуди самиот програм PANTHEON, да можеме да научиме што повеќе, а во исто време да ја користиме SQL базата во различен дизајн, да ги програмираме репортите, кои се со посебна специфика и од голема неопходност за клиентите. Исто така, многу ми е драго што имам неограничена прилика за да можам да се надоградувам и во оваа област, бидејќи не секогаш ние ЕРП консултантите имаме прилика да се надоградуваме во работата.

Со кои проблеми се сретнуваат вашите клиенти?

PANTHEON ERP преставува комплексна деловна платформа. Често нашите корисници се воздржуваат да ги анализираат податоците, плашејќи се нешто да не погрешат. Ги охрабрувам да ја користат деловната платформа за детална анализа на работењето. Pantheon ERP не е само сметководствен софтвер, туку нуди и можностости за детална бизнис анализа. PANTHEON ERP содржи и алатки за bussiness intelegence, кои овозможуваат детална анализа на трендовите, ги открива и најмалите аномалии во работењето со што менаџментот добива значајна алатка за носење на деловни одлуки.

Квалитетна обука за деловната платформа но и постојано учење на нови техники на анализа, пружаат неограничени можности. Дел од мојата работа е да ги охрабрам нашите корисници, да ги користат можностите кои им се на располагање. Посебно ме радуваат корисниците, кои се охрабруваат да истражуваат, и да наоѓаат техники за бизнис анализа која им е на располагање.


Како им се олесни работењето со
PANTHEON?

PANTHEON е комплесна алатка која нуди концизни решенија. Напоменувам алатка, бидејќи сите знаеме дека сепак човечкиот фактор е тој кој ја полни базата со информаци, за на крајот резултатите станат видливи, нормално благодарение на алатката која ја користиме – PANTHEON. Со добро поставени процеси на работа, сите клиенти имаат значително олеснување на работата, временската рамка, односно ресурсите кои ги трошеле за да ги добијат посакуваните резултати или ги добивале делумно.

Што би им порачале на сите кои размислуваат за кариера во Даталаб?

Секој што сака да учи, да се надоградува во своето знаење, а воедно да работи во хармонија… сите кои имаат желба да работното место го осеќаат како свој дом, не треба да размислуваат, само да конкурираат 😊

Твој цитат кој те мотивира:

„Животот е како да возиш велосипед, за да одржуваш рамнотежа потребно е да продолжиш да се движиш“ – Алберт Ајнштајн

Не пропуштајте корисни новости и совети

Доколку сакате да добиете новости со корисни бизнис содржини од нашата База на Знаење, Ве молиме пополнете го образецот.

X