Како тимот на Даталаб си помина на предновогодишната прослава?

3 Јан 2018

Како што се ближи крајот на годината, така започнуваат во тек предновогодишните прослави кои сите со нетрпение ги очекуваме.

Периодот на украсени, блескави улици и новогодишни елки измамува насмевка на сечие лице, не заразува со новогодишниот дух и расположение. Сите ние се подготвуваме да ја прославиме и одбележиме изминатата годинa со нашите пријатели и соработници, а исто така започнуваме да кроиме планови за тоа како ќе ја продолжиме новата година.

Новата година, како и во другите земји и градови, така и во Скопје, се смета за јавен настан а воедно и за семеен одмор. Повеќето компании и фирми сакаат да прослават предновогодишна забава со голем работен колектив. Ова им овозможува на вработените да ги сумираат перформансите на компанијата за целата година а исто така и да се зближат колегите, нешто што денес современо и странски би го нарекле team building.

Денес, нема да Ви објаснуваме во која земја како се дочекува Новата година, ниту пак кои се обичаите…, денес ќе ви ја раскажеме на кратко нашата приказна, како ние си поминавме на предновогодишната прослава.

Тимот на Даталаб, реши предновогодишната прослава да ја прослави на 28ми декември, а изборот на ресторан беше избран по препорака од колегите, сите заедно си се сложивме бидејќи сите бевме за фино место за седење, мезење и муабетење. Па така го избравме ресторан Канцеларија, на боемската уличка во познатото Дебар маало. Како што знаеме „Боемската улица“ е добро познатата пешачка зона, каде кафеанџиите, уметниците и сите што имаат добра идеја за прослава, ќе си го најдат местото. Освен стамбени објекти тука се наоѓаат и гостилници. Како што ни кажуваат и старите скопјани „Дебар Маало е боемската душа на Скопје“, па затоа и ние решивме тука да прославиме.

Дружбата ни започна одма после работниот ден, се упативме кон ресторанот, секој зазема позиција на седење и почна нашата авантура на мезење. Споделивме убави моменти на опуштен разговор, зезање и нормално повеќе ќе погледнете на следниве фотки, каква екипица сме:

Убавата дружба ја продолживме опуштено и наредниот ден (петок), во “нашатa” канцеларија во Даталаб, да се подружиме и со најмалите, бидејќи следуваше – “Време е за пакетчиња”.

По краткото дефинирање на работните обврски, ги пречекавме малите дечиња на нашите колеги и колешки па заедно со нив направивме неколку фотки, за да го одбележиме испраќањето на 2017та година покрај нашата елка (преубаво накитена).

Во кратки црти, кратко и јасно сакаме на сите наши корисници и ценети партнери, да им посакаме многу успех, иновации и напредок!

Во новата година ќе се потрудиме како тим да направиме и да придонесеме што повеќе за Вас и Вашите компании.

Не пропуштајте корисни новости и совети

Доколку сакате да добиете новости со корисни бизнис содржини од нашата База на Знаење, Ве молиме пополнете го образецот.

X