, ,

Како до полесно следење на производите?

17 Авг 2018

Процесите се комплицирани, а мора да бидат извршени ефикасно при тоа следејќи го протоколот за квалитет и сигурност. Освен тоа постојат најразлични варијабили и аспекти кои менаџментот треба да ги земе во предвид со цел да обезбеди правилна и перфектна изработка.

Во основа барањата на производствените компании се многубројни и решенијата на истите може да се добијат само доколку се инвестира во ефикасен и квалитетен деловен систем.

Како да дојдеме до полесно следење на производите во еден производствен процес? За сето ова потребно Ви е софтверско решение. За да ги одредиме и анализираме бизнис придобивките од користење на едно софтверско решение, би било многу тешко за било која производствена индустрија.

Како што расте производството така и самите операции во компанијата стануваат додатно покомплицирани. Затоа ние, тимот на Даталаб бидејќи имаме насобрано големо искуство од имплементација на производствен ЕРП систем во мали и големи производствени компании, Ви го препорачуваме PANTHEON деловниот систем кои ќе Ви овозможи автоматизација на сите бизнис операции притоа обезбедувајќи точни и навремени информации.

Што добивате со Pantheon? Ефикасноста и продуктивноста се зголемуваат бидејќи вработените сега веќе лесно ќе ги извршуваат комплексните процеси, а ќе се елиминираат грешките и дуплиот внес на податоци што овозможува да се изврши реалокација на ресурсите кон извршување на повеќе стратегиски операции кои носат поголема вредност. Со други зборови се обезбедува дополнително време и добар, транспарентен тек на информациите поради што компаниите добиваат вработени фокусирани на бизнис процесите и подобрување на услугата која ја нудат наместо на менаџирање на системот.

Компаниите растат без притоа да треба да прават инвестиции во додатни ресурси.

PANTHEON нуди опција за брзо и лесно надополнување на производствениот план. Пример се случува клиент да се јави во последен момент со инцидентно барање за додатен производ. Менаџментот лесно може да го провери планот, да види дали располага со потребните ресурси и дали на некоја машина има слободен термин за да се вметне дополнителен налог. Информацијата за тоа дали ќе ја задоволи итната нарачка од клиентот ќе може да ја донесе уште при телефонскиот разговор и таа да биде заоснована на квалитетни и точни информации. Честа појава после процесот на имплементација и реорганизација на производствените процеси е тоа компаниите да станат свесни за вистинскиот обем на нарачки кои би можеле да го  процесираат.

Со PANTHEON добивате лесно достапни и квалитетни информации!

Во однос на анализите со PANTHEON добивате лесно достапни и квалитетни информации кои овозможуваат компаниите да направат паметни бизнис одлуки и решенија за идни чекори кон кои треба да се насочат. Една од главните предности која нашите клиенти често ја истакнуваат е тоа што конечно имаат една верзија на вистината.

За придобивките кои нашите клиенти ги добиле после имплементацијата, односно со автоматизацијата на нивните производствени процеси користејќи го PANTHEON ЕРП системот, само за Вас припремивме бесплатен водич, кој можете да го добиете со пополнување на следнава контакт форма, на следниот линк!

Не пропуштајте корисни новости и совети

Доколку сакате да добиете новости со корисни бизнис содржини од нашата База на Знаење, Ве молиме пополнете го образецот.

X