Општи теми, Деловни Решенија, Претприемништво, Дигитализација
Како да започнете дигитална трансформација?
Најпрво да видиме накратко – што е дигитална трансформација?
За подобро да разберете што точно е дигитална трансформација, да започнеме со дефиницијата за дигитализација. Дигитализација подразбира употреба на дигитална технологија за промена на бизнис модели.
Од друга страна, дигитална трансформација се однесува на конкретни промени во бизнисот, развој на нови бизнис модели и зголемување на конкурентноста на пазарот како резултат на дигитализацијата и примена на дигиталните технологии.
Во некои случаи, дигиталната трансформација, за жал, подразбира само дигитализација (користење на дигитални алатки). Дигитализацијата е потребна за оптимизација во контекст на дигиталната трансформација, но дигитализацијата не може да се изедначи со дигиталната трансформација. Односно, самата дигитализација не значи дека вашата компанија ќе доживее дигитална трансформација.
Како да ја започнете дигиталната трансформација?
Технологијата отсекогаш имаше значајно влијание врз бизнисот и општеството, а во текот на изминатите неколку години, брзината на нови технологии значително се зголеми. Во согласност со овие брзи промени, неопходно е да се создадат предуслови за навремени реакции. Усвојувањето на технологиите како што се Iot, Big Data и AI (вештачката интелигенција, облаците итн.,) овозможува промена на деловните модели и деловните процеси и ги забрзува промените предизвикани од дигиталната трансформација.
Компанијата која сака да започне дигитална трансформација треба да ги има следниве неколку карактеристики.
Подготвени за промена!
Најпрво, компанијата која сака да го трансформира својот бизнис со гореспоменатите технологии треба да биде подготвена за промени. Со оглед на тоа што дигиталната трансформација вклучува многу повеќе од користењето на самите дигитални алатки, неопходно е да се разгледаат нови можности од отворена перспектива. За да може компанијата да стане дигитална, неопходно е да се работи на целокупната промена во деловните практики и изградбата на сосема нова организациска култура.
Бизнис агилност
Исто така, неопходно е да се прилагоди деловната стратегија и начинот на работење со агилни деловни процеси. Бизнис агилност подразбира способност на компанијата брзо да реагира на промените на пазарот и да ги прифати и прилагоди на минимални трошоци. Затоа, дигиталните компании треба да бидат способни брзо и ефикасно да се прилагодат на неочекувани настани и соодветно да ги прилагодат нивните бизнис модели.
Примена на дигитални алатки
Се разбира, бидејќи дигитализацијата вклучува употреба на дигитални алатки за промена на бизнис модел, неопходно е дигиталната компанија во секојдневните деловни процеси да применува технологија која ќе ги обедини сите деловни процеси и ќе го забрза и поедностави бизнисот. Тука би ги вклучиле алатките на еден ЕРП систем, на пример како што е PANTHEON.
Единствено корисничко искуство
Благодарение на користењето на разни дигитални технологии, дигиталната компанија може да им понуди на своите корисници уникатно корисничко искуство. Затоа, дигитална компанија е онаа која се фокусира на слушање на своите корисници со цел да ги подобрат своите производи и услуги.
Предности на дигитализацијата
Со оглед на глобалното вмрежување и растечката употреба на дигитални технологии во сите аспекти на животот, бројот на нематеријални услуги се зголемува. Тие се лесно дистрибуирани преку Интернет, што всушност нуди бесплатен продажен канал. Затоа, дигитализацијата за нови компании овозможува полесен и побрз влез на пазарот. Но, во исто време тоа значи поголема конкуренција.
Дигитализација со PANTHEON
Со PANTHEON Workflow – новата функционалност на PANTHEON ERP – можете да го дигитализирате вашиот бизнис преку автоматизирање на одредени деловни процеси.
Секој бизнис процес може да се визуелизира во форма на дијаграм. Задачите можат да бидат различни: управување со документи, деловни процеси, скенирање, испраќање на е-пошта, складирање, резервна копија, архива… На овој начин, деловните процеси се однапред дефинирани, што овозможува полесно и побрзо работење и намалување на оперативните трошоци.