, , , ,

Како да се оптимизира соработката помеѓу сметководствените услуги и претприемачите

28 Сеп 2020

Денешната тема за која пишуваме е за соработката помеѓу претприемачите и сметководителите. Клучот за успехот со сметководствените услуги е дефинитивно специјализација и нудење додадена вредност што ги надминува само рутинските сметководствени задачи.

Во нивната работа, сметководствените организации и компании наидуваат на големи количини на документација и податоци кои се важни за успешно работење.

Како да се обезбедат поквалитетни сметководствени совети и како да се сочуваат сите податоци од различни прептриемачи и организации? Користејќи современи технологии за е-трговија, можеме да го оптимизираме работењето, да го поедноставиме и да го намалиме бројот на грешки.

PANTHEON Web Light – Сигурно веб-решение за лесно управување

Важно е претприемачот да извршува одредени рутински задачи независно. Најчесто од овие задачи е издавање и примање фактури, складирање, издавање патни налози и следење на евиденцијата за работното време. Исто така е важно за секој претприемач да има пристап до преглед и анализа на бизнисот во секое време. За претприемачи за управување со деловни процеси и размена на документи со сметководители, го советуваме решението PANTHEON Web Light, кое нуди целосна интеграција со сметководствената програма PANTHEON.

Кои се клучните карактеристики на апликацијата PANTHEON Web Light?

Централно управувани документи и податоци

Програмот PANTHEON Web Light овозможува многу полесна размена на податоците, како во компанијата, така и во сметководствената служба. Сите податоци и документи прикачени како слика или скенирани документи се веднаш достапни на сметководителот, а физичкиот трансфер и рачното препишување на примените фактури се елиминираат.

Мобилност

Доколку поминувате многу време на терен, тогаш решението PANTHEON Web Light е единствениот правилен избор. PANTHEON Web Light пристапува до деловни податоци насекаде, во кое било време - без разлика кој уред го користите. На овој начин, секогаш ќе бидете во тек со ажурираните документи и состојбата на вашиот бизнис.

Целосна контрола врз бизнисот

Самите претприемачи внесуваат и други деловни податоци - налози за патувања, евиденција за работното време - трансфер за плати без копирање од Excel. Можете да пристапите до целиот ваш бизнис насекаде, во кое било време, дури и без сметководител.

Безбеден

Сите ваши податоци ќе бидат зачувани во базата на податоци на Телеком Cloud. Тука ги има сите законски барања за безбедност. Малкумина се свесни дека податоците на Cloud се многу побезбедни отколку да ги зачувуваат на персонален компјутер или сервер во претпријатието..

Едноставен за употреба

Програмот е лесен за употреба без претходно познавање на сметководството. Не е потребно да инвестирате време во учење за да работите со PANTHEON Web Light, туку потребна е само инсталација на програмот.

Цена

PANTHEON Web Light овозможува ниски трошоци за изнајмување на месечна лиценца. Користејќи го, претприемачите ја избегнуваат високата почетна цена за старт. Програмот нуди и редовни надградби во согласност со законските измени.

Доколку имате било какви прашања или сакате лично да Ве воведеме во програмот PANTHEON Web Light, резервирајте индивидуален состанок.

Ние ќе бидеме среќни да Ви помогнеме и да Ве наградиме со провизија за секој препорачан нов корисник на PANTHEON.

Не пропуштајте корисни новости и совети

Доколку сакате да добиете новости со корисни бизнис содржини од нашата База на Знаење, Ве молиме пополнете го образецот.

X