Извештаи на клик – квалитетни податоци за донесување на правилни деловни одлуки

28 Сеп 2021

Колку пати ви се има случено да креирате извештај, a неговото испраќање да трае предолго, и доаѓате во ситуација да не можете да продолжите да ја работите останатата работа поради тоа? Денес, кога времето е фактор на одлука, важно е да се земе во предвид ефикасноста и ефективноста. За да реагираме навремено, треба секогаш да бидеме потковани со вистински информации во право време.

Известувањето и донесувањето одлуки врз основа на квантитативно измерени податоци, во кои може да се препознаат одредени заклучоци, се многу повредни и легитимни насоки за донесување одлуки отколку начинот на кој луѓето работеа-преку нивните визии, емоции и недоволно рационално расудување. Со искористување на постојните и собраните дигитални податоци што се достапни до вас, со прифаќање на деловната интелигенција и софтверот, можно е да се донесат подобри одлуки што водат до поголем комерцијален раст, еволуција на компанијата и подобри деловни резултати.

Со примена на вистинска алатка за известување и разбирање на веќе анализирани податоци што се точни и проверени, можете да донесувате одлуки не само врз основа на факти, туку и врз податоци што се веродостојни, а тоа е чекор напред во вашиот бизнис. До неодамна, вакво нешто звучеше неверојатно во теорија, но во пракса, сега е можно да се донесуваат одлуки врз основа на анализа на софтвер. Искуството покажува дека таквите одлуки во повеќето случаи биле подобри, попаметни и поуспешни за работата на долг рок.

Вистински податоци во вистинско време

Понекогаш е во ред да ги следите вашите инстинкти кога донесувате деловни одлуки. Да не постоеа инстинктивни потези, добар дел од најголемите ИТ и други технолошки компании никогаш немаше да се појават, или барем немаше да се развијат како што покажа времето. Меѓутоа, денес, повеќето деловни одлуки треба да се базираат на метрика, факти и податоци кои се поврзани со севкупните цели и иницијативи на компанијата што можат да обезбедат стабилен столб за идно известување и управување на бизнис.

Често го поставуваме прашањето дали дојде време машините да ги преземат работните задачи. Дали сме подготвени да ја оставиме досегашната работа на софтверот? Дали софтверот ќе може да ги анализира податоците на начин како што го правиме ние тоа? Ова се сите прашања што можеме легитимно да ги поставиме, но прашањето е дали сме подготвени да ги слушнеме одговорите.

Донесувањето одлуки врз основа на податоците што ни ги дава софтверот на крајот од анализата не е мала работа. Тоа претставува деловен еволутивен чекор за една личност, но и чекор напред кон подготвеност за поголем деловен успех. Навременоста е нешто што ни овозможува таков софтвер. Податоците нема да доцнат, тие секогаш ќе бидат тука за да ни дадат увид и да ни дадат резултат од анализата веднаш. Речиси за сите процеси и администрација во рамките на компанијата.

Важноста на деловната анализа

Архивирањето податоци порано беше мачно, земајќи го во предвид обезбедувањето на просторот за сите документи, нивно натрупување и организација на пристап. Се разбира, се се правеше рачно, луѓето го имаа главниот збор, така што честопати имаше многу грешки. Но, толкувањето на документите и нивната анализа со цел да се донесе одлука не беше така лесно. Требаше да се потроши многу време на вработените за да ги најдат и анализираат документите и врз основа на тоа да се обезбедат информации што ќе го водат одлучувањето на директорот и менаџментот на компанијата.

Донесувањето одлуки врз основа на податоци и анализи обезбедени од софтвер како што е PANTHEON денес го вклучува процесот на собирање податоци, нивна анализа, споредба со поставените цели, анализа на различни обрасци, факти и нивна употреба за развој на стратегии, деловни активности и дневни одлуки. Сето ова е достапно со само неколку кликнувања.

Важно е не само да се забрза процесот на донесување одлуки, туку и да се работи на постигнување на клучните деловни цели користејќи проверени и анализирани податоци. Сигурната програма секогаш мора да работи со сигурни податоци, со цел да им обезбеди на своите корисници само најдобро, а тоа е постигнување на планираните цели.

Можност за раст на бизнисот

За да се создаде можност за раст на бизнисот, неопходно е да се разбере се што се случувале порано. Во таква количина на податоци и информации, неопходно е да се најдат шаблони и обрасци што можат да ни дадат заклучоци за тоа по кој пат е подобро да се оди.

Ако вклучените податоци вклучуваат готовинско работење, фактурирање и прием, автоматизација на деловниот процес, нарачки на клиенти и работа со добавувачи, залихи и магацини, пресметка на плати, даноци, ДДВ, сметководство, производство и сето тоа го имате на едно место, тогаш многу е лесно да се заклучи дека секој заклучок ќе биде многу вреден за носителот на одлуката. Обезбедувајќи увид во сите сегменти на бизнисот, детално дури и за оние секојдневни активности, луѓето кои се на позиции на носители на одлуки сигурно ќе можат подобро да одлучат во која насока да одат.

Вистинска деловна програма за средни и големи компании

Средните и големите компании се системи во кои секојдневно се генерира огромно количество документи, податоци, фактури, сметки и други важни документи. Затоа, PANTHEON Enterprise е наменет првенствено за такви компании, да им помогне со управувањето на документите, администрација и сметководство и да ги консолидира сите сегменти во еден централизиран систем. Програмот е одличен сојузник во исполнувањето на специфичните барања што компанијата може да ги исполни во својот бизнис.

Важноста на навремените извештаи во донесувањето одлуки лежи во конзистентноста и постојаниот раст. Тоа им овозможува на компаниите да создаваат нови деловни можности, да генерираат повеќе приходи, да ги предвидат идните трендови, да ги оптимизираат нивните тековни деловни процеси и да добијат увид во тоа како компанијата може да функционира. Со текот на времето, фирмата ќе се развива и организацијата на работата ќе биде поприспособлива за потенцијалните идни ситуации. Светот постојано се менува, и во таа смисла е неопходно да се користат вистинските податоци, во вистинско време, за да се донесат одлуки врз основа на податоци и реални околности.

Времето на епидемијата и падот на бизнисот го направија КОВИД-19 главна тема за разговор за тоа како ќе се развива бизнисот во иднина. Во таа смисла, софтверот има друга предност, а тоа е дека дури и во нестабилни и неизвесни времиња, може да биде од голема помош при одлучувањето, како да се реагира, да се донесе одлука и како да се однесува во време на криза.

Живееме во време кога не можеме да замислиме ниту една сериозна компанија без некаков ERP, само прашањето е дали сме ја одбрале вистинската и дали ги користиме сите нејзини предности.

Не пропуштајте корисни новости и совети

Доколку сакате да добиете новости со корисни бизнис содржини од нашата База на Знаење, Ве молиме пополнете го образецот.

X