Имаме доверба на повеќе од 50.000 PANTHEON Корисници!
На 15 Март 2017 година, посакавме добредојде на 50.000-от корисник на ERP решението PANTHEON во нашето семејство.
Големиот број на корисници во Југоисточна Европа е резултат на посветена работа, етична и непишана доверба во компанијата. Визијата за секојдневните бизнис задачи да се направат полесни и да се биде дел од нечиј успех, ни помогна во постигнувањето на ова ниво и ви гарантираме дека тоа и понатаму ќе биде нашата насока на движење. Предизвикот кој го поставивме за нас е да имплементираме уште повеќе подобрувања и новости во PANTHEON. Главниот мотив за овие идеи доаѓа токму од вас, нашите корисници и партнери.
»Неверојатно сум горд и задоволен од тоа каде не доведе нашата оригинална идеа – идеа создадена од лично искуство и професионална болка предизвикана од банкрот кој беше резултат на неадекватна Техничка поддршка. Во последните 20 години, ние бевме првите во регионот кои што понудивме ERP програм базиран на Windows на сигурна и моќна SQL датабаза со клиент-сервер технологија. Ние бевме првите кои понудивме голема библиотека со пишани упатства и видео курсеви за лично надградување, први кои промовиравме е-сметководство, и први кои претставивме – веќе во 2010 – ERP решение во Облак. Дополнително, направивме партнерство со локалните телекомуникациски оператори за да бидеме сигурни дека нашата алатка ќе биде овозможена за секого. Верувам дека во сите овие изминати години, не само што ги постигнавме очекувањата кои бизнисите ги имаат од ERP решенијата, но исто така бизнис комптентен генерално. Верувам дека бизнисите во Југоисточна Европа добија дополнитлна моќ со помош на оваа алатка за да можат да бидат компетитивни и профитабилни. Доколку се свртиме и ја видиме патеката која ја поминавме, 50.000 корисник е неизбежна последица на посветеноста на компанијата кон иновирање и помош на секој бизнис да функционира многу поедноставно.«
Градба Промет, е компанијата која ја премина бариерата од 50,000 корисник, ја купија својата PANTHEON лиценца преку ВебЦентар, нашата партнерска компанија во Македонија. Наградата која и корисникот (Никола Наумов) и продажниот агент (Зоран Милков) ќе ја добијат е викенд патување во магичниот град Загреб.
Хотелот “Палас” е лоциран во центарот на Загреб во палата насочена кон градскиот парк. Отворен е во 1907 година како прв организиран хотел во Загреб. Денеска може да се забележи неговиот ретро-чик изглед и атмосфера која е резултат на стилскиот мебел и модерниот ентериер.
За комплетно топло добредојде, хотелот ќе приреди специјален деликатес со кој тие сакаат да помогнат во постигнувањето на незаборавно искуство за гостите.
Вработените ја прославија големата 50,000-ка со торта, поради тоа што секој од нас е дел од Даталаб успешната приказна.Сакаме дополнително да изразиме специјална благодарност до сите вработени, бизнис партнери, и секако, нашите корисници кои ја доделија својата доверба на нас: 5, 50, 50.000; сигурно немаше да успееме во ова без вас.
Чест е за нас да се биде интегриран дел од семојството големо колкаво што е PANTHEON’s.
Семејство кое прославува 20 години постоење оваа година!
Ви благодариме!