Општи теми, Прописи и Регулатива, Деловни Решенија, Претприемништво
Деловна интелигенција – бизнис или ИТ предизвик
Основата се податоците. Ако имате квалитетни податоци, ќе имате квалитетни информации, а следствено и значајна интелигенција. Ние веќе го напишавме ова во претходниот блог пост за квалитетот на податоците, а ова е продолжение. Голема заблуда е дека од “лошите” податоци ќе добиеме квалитетни информации. Ако во системот внесувате ѓубре, тоа и ќе го добиете штом го извадите надвор. Затоа, деловната интелигенција е крајниот производ на квалитетот на податоците што се внесуваат во системот. Ни помалку ни повеќе, но од некоја причина, тоа изгледа премногу очигледно.
Да се потсетиме за деловната интелигенција, Forrester ја користи следнава дефиниција: “Бизнис интелигенција (БИ) е збир на методологии, процеси, архитектури и технологии кои ги трансформираат суровите податоци во значајни и корисни информации што овозможуваат поефикасни стратешки, тактички и оперативни согледувања и подобро донесување на одлуки”.
Бизнис предизвик или ИТ предизвик
И едно и друго.
Раководството мора да одлучи кои извештаи ги сака и кои информации треба да ги содржат овие извештаи. Некој треба да ги внесува овие податоци во системот (рачно или автоматски, сеедно, податоците мора да бидат внатре). А ИТ треба да обезбеди можност за внесување на овие податоци, а потоа да ги обработи во посакуваните извештаи.
Тоа е толку едноставно. Во теорија.
Во пракса тоа е малку поразлично.
Примената на БИ системот подразбира два клучни предуслови: техничка ИТ инфраструктура и организациска подготвеност. Ако организацијата не исполнува еден од овие два предуслови, тогаш БИ системот нема услови за примена.
Ова се само неколку предуслови, а како да знаете дека ги исполнувате? Запрашајте се себеси неколку прашања:
- Дали и без информатика ги имам воспоставено критериумите и дефинирано барањата за извештаите и податоците што ми требаат?
- Дали знам каде ми се наоѓаат податоците кои ми се потребни?
- Дали имам установен процес на планирање?
- Дали имам установен процес на известување?
- Кој треба се да добива извештаи и какви?
Ако една организација нема одговор на овие прашања, тогаш системот БИ нема да има услов за примена. Решението постои, но мора внимателно да се пристапи во текот на процесот на имплементација. Зошто? Многу едноставно, системот БИ не е замена за известување. БИ е систем кој треба да им овозможи на компаниите освен извештаи за известување и аналитика, исто така вкртување на податоци, динамика, нови трендови, регуларност, форми, итн.
Во пракса тоа изгледа вака: Обично менаџментот не знае точно какви извештаи сака, а често незнае ни кој податоци треба да ги содржат овие извештаи, такашто ИТ не може да го реши ова барање (нејасно е) врз основа на тоа. Да се разбереме, ние не ги браниме ИТ, но барањата честопати се такви што им недостигаат клучните компоненти.
И така, во оваа дупка лежи зајакот. Поради сеопфатноста, комплексноста, организациските и ИТ предизвици, квалитетот на податоците, контролата на податоците, системот што ги чува овие податоци и слично, повеќето БИ проекти не ја доживуваат нивната целосна имплементација, но се сведуваат на основното известување. Така што не се користат со полн потенцијал алатките на БИ.
Проблемот е во податоците
Податоците доаѓаат во различни форми. Хартија, електронска документација, споделени датотеки, итн. Затоа имаме деловни информации во информатичките системи. Ова се податоци во самите компании. Веќе пишувавме за квалитетот на податоците и што може да се направи на оваа тема.
Дополнително, постојат бројни надворешни извори на податоци кои содржат вредни информации. Способноста за комбинирање на внатрешни и надворешни извори на податоци им дава вистинска моќ на системите за деловна интелигенција. Поради огромната количина на податоци, важно е да се усогласат деловните цели со изворите на податоци со цел да се изберат соодветни податоци. Инаку, постои можност да се “изгубите” во морето на податоци. А сепак, кога не сте сигурни каков вид на извештаи ви треба, тоа е вистинскиот пат до пеколот: “поплочен со најдобри намери”.
Што значи сето ова во пракса?
Наједноставниот начин, врз основа на податоците за клиентите, аналитиката може да ви ја покаже целата историја на вашата врска со клиентите (што и кога купуваат, каде се наоѓаат, како плаќаат, колку се флексибилни, итн.), а деловната интелигенција (БИ) би можела да ви помогне да предвидите како се однесуваат вашите клиенти во иднина (што и кога ќе купуваат, како ќе платат, итн.) На овој начин, ќе можете на клиентите да им направите специјална понуда за која нема да можат да и се спротивстават. А тоа е само почеток …
Решението постои, за среќа
Со модерниот ERP систем, како што е Пантеон, за прв пат имате начин на едноставен внес на деловните податоци и со тоа да го постигнете основниот квалитет на внесени податоци. Значи, не го добивате ѓубрето на влезот. Пантеон има сериозни механизми за интегрирање на податоците со внатрешни правила кои ефикасно се трансформираат во квалитетни информации. И од самиот почеток тој е замислен со интегрирана деловна интелигенција. Во прашање е ZEUZ BI систем кој исто така вклучува и бизнис анализи – способност за “вкрстување на податоци” (или професионално: мултидимензионална анализа – хипер коцки) и убав начин на презентирање на податоци преку дигитални контролни табли. Врз основа на овие, можете брзо да ги идентификувате клучните показатели за успех (се разбира, оние што сте ги идентификувале и дефинирале како клучни за вашата компанија).
Со системот што првично е замислен со интегриран БИ систем, нема, или речиси и да нема, скапи и проблематични имплементации. Вашите податоци веќе се наоѓаат внатре, а ZEUS “знае” за нив. На овој начин, ваше е само податоците да ги “претворите во добивка”. Тоа не е толку едноставно, но со правилно завршување на условите од почетокот на текстот, тоа може да биде помалку болно.
Деловна интелигенција: бизнис аналитика + дигитални контролни табли = ZEUS Pantheon BI системи