Даталаб Македонија и ИнКом ЕРП се соединуваат во една компанија

30 Мар 2021

Почитувани корисници на PANTHEON,

Сакаме да Ве известиме дека Даталаб Македонија и ИнКом ЕРП се соединуваат во една компанија, под брендот на компанијата Даталаб, почнувајќи од 01 Април 2021 година.

Повеќе од 20 години, ние работиме за да го направиме вашиот бизнис полесен и подобар. Постигнување на деловни резултати и успешна дигитализација на бизнисот е можно само со поддршка на квалитетен и сигурен деловен информативен систем. Затоа го развиваме PANTHEON со цел да го прилагодиме колку што е можно повеќе на вашите потреби, индустријата во која работите и спецификите на вашата деловна активност, следејќи ги технолошките достигнувања, законски измени и континуирани подобрувања.

Нашата мисија е да обезбедиме квалитетни деловни информации за сите, вклучувајќи ги и најмалите компании, со континуирана иновација. PANTHEON денес е бр. 1 деловен информативен систем во регионот.

Успехот на ИнКом тимот, одсекогаш бил препознаен и поддржан од Даталаб. Понудата за соединување на тимовите на Даталаб Македонија и ИнКом ЕРП е логичен чекор со кој оваа соработка уште повеќе ќе се продлабочи. Веруваме дека оваа соединување ќе придонесе за зајакнување на лидерска позиција на PANTHEON ERP деловниот софтвер во Македонија, но и ќе придонесе за зголемување на задоволството од користење на овој деловен систем.

Даталаб е лидер во понудата на деловен софтвер во југоисточна Европа, па веројатно е логично да е лидер и во овие процеси. Од Април 2021, сите услуги, договори за поддршка и имплементација ќе бидат пренасочени кон компанијата Даталаб Македонија, од каде услугите ќе ги реализира истиот тим од Даталаб МК заедно со тимот на ИнКом ЕРП, кој комплетно се префрла во споена компанија. Се радуваме на новите предизвици и можности.  Го зголемуваме тимот, кој со оваа спојување станува најголемиот консултантски тим за деловен софтвер во Македонија.

Едно големо добредојде за тимот на ИнКом ЕРП во Даталаб Македонија.

PANTHEON ERP денес го користат 64.757 корисници! Ви благодариме на довербата.

 

Не пропуштајте корисни новости и совети

Доколку сакате да добиете новости со корисни бизнис содржини од нашата База на Знаење, Ве молиме пополнете го образецот.

X