Бизнисот по Ковдид19: што се ќе се промени?

23 Јун 2021

Уште од моментот кога светот го погоди пандемијата, бизнисите се првртеа наопаку во скоро секој поглед. Во 2020 година, повеќето вработени беа принудени да работат од дома, а некои компании беа принудени (привремено) да ги затворат вратите. Со цел вработените, клиентите и добавувачите да останат здрави, компаниите мораа да се справат со метежот на снабдување и намалување на продажбата, меѓу другите оперативни и финансиски предизвици. Значи, 2020 навистина не беше лесна година за бизнисот.

Оваа година, сепак, на сите им стана јасно, вклучително и на оние кои биле добро подготвени за управување со кризи, дека ова не е само криза, туку дека последиците веројатно ќе бидат со нас и во иднина. Без сомнение компаниите веќе нема да бидат исти по пандемија. Но, какви промени можеме да очекуваме?

1. Подемот на флексибилна работа

Социјално дистанцирање или ограничување на физичкиот контакт беше една од првите препорачани мерки за забавување на ширењето на вирусот. Многу компании мораа да се прилагодат на онлајн работење од дома. Работодавците се обидоа да ги (научат) вработените како да ги користат алатките за соработка, така што групите започнаа да работат синхронизирано и непречено. Работењето од дома постои подолго време, но досега многумина не го прифаќаа. Сега, сепак, стана нешто како секојдневие; дури се покажа дека флексибилните распореди можат да ја зголемат продуктивноста. Вработените исто така биле свесни дека не мора да бидат во канцеларија доколку сакаат да ја завршат својата работа. По пандемија, онлајн-работењето ќе остане темел во многу индустрии, работното време ќе биде флексибилно, а работниците дури можат да бараат намалени работни денови неделно.

2. Промовирање на глобално присуство

Регионалното исклучување во голема мера влијаеше на побарувачката и на синџирот на снабдување. Компаниите што го централизираа своето работење во застојните региони, мораа да се справат со недостаток на значителни залихи за нивното работење и како последица на тоа имаа пад на продажбата. Претприемачите треба да го земат ова како лекција дека оперативната флексибилност на компанијата ќе треба да се подобри во иднина. Неопходно е да се прошират хоризонтите и да се намали зависноста од еден регион, да се гледа на него пошироко, а можеби дури и на глобално ниво.

3. Поголема употреба на автоматизација и вештачка интелигенција

Некои компании мораа да прават деловни активности со помалку луѓе и да ги координираат деловните активности од оддалечени локации. Затоа, важно воведување на бизнисот е автоматизацијата, која ги забрзува процесите и работењето во компанијата. Предвидувањата за иднината е дека работните места ќе бидат заменети со автоматизирани процеси. Компаниите сега работат на автоматизирање на рутински и повторливи задачи како што се административни задачи, а роботите го преземаат производството. Дали ова ќе доведе до невработеност или не, сè уште не е јасно, но сигурно е дека голема обука и учење на нови вештини ќе бидат сè попотребни за управување со автоматизацијата и воведување нови начини на работење.

4. Пораст на Cloud бизнисот

Постојат многу компании кои го префрлија работењето на cloud решението, а многумина планираат да ги мигрираат своите работни процеси на cloud, поготово откако светот влезе во пандемијата од Ковид19. Постојат различни причини зошто деловната cloud технологија e една од најголемите причини за исклучително решение за пристап до софтверот и ИТ системите од било каде и во било време. Сигурно можеме да кажеме дека cloud работењето е нашата нова иднина.

5. Промена во режимот на управување

Многумина од вработените работат од дома, па нивните менаџери мораа практично да ја следат нивната продуктивност и општата благосостојба. Неопходно е да се осигура дека вработените се чувствуваат ценети, што придонесуваат за подобрата ментална благосостојба, така што начинот на лидерство се менува со зголемувањето на емпатијата и довербата. Ова веројатно ќе остане случај дури и по завршувањето на пандемијата. Начинот на управување со компаниите ќе игра важна улога во продуктивноста на вработените. Можеме да очекуваме дека влијанието на овој период ќе ја нагласи вредноста на лидерството, ќе бара подобрување во оваа област и ќе поттикне зголемување на културата на работа и лидерство со заедничка цел – задоволство од работата.

Пандемијата продолжува да ги менува нашите животи, но сепак се надеваме дека работите некако ќе се вратат во нормала. Сепак, колку и да копнееме за ова враќање во нормала, некои деловни аспекти ќе се променат засекогаш. Бизнисите треба да го разберат ова и да започнат да развиваат флексибилност за да бидат поотпорни на непредвидливите фактори во иднина.

Не пропуштајте корисни новости и совети

Доколку сакате да добиете новости со корисни бизнис содржини од нашата База на Знаење, Ве молиме пополнете го образецот.

X