, , ,

3 главни предности на online образованието

22 Јан 2018

Веројатно не проаѓа ден, да не ги пребарувате своите омилени портали и да ги прегледувате различните видео содржини и новости. Омилените филмови и серии ги гледате сместени на вашата софа на вашиот кревет, со временска разлика, во време кога децата спијат или кога е завршено вашето работно време, завршени сте со спортските активности и слични други.

И вашто надоградување (едукативно) би требало да го има истиот тек. Треба да се одвива во опуштено окружување, во време кое вие ќе го одберете и обев кој на вам ви одговара. И тоа е можно! Морате да одберете >>on-line<< учење!

Се повеќе ги напуштаме старите навики. И вие исто?

>>Е-учењето<< кое е присутно веќе 19 години и оттогаш неговата употреба брзо се зголемува со што и начинот на учење во претпријатијата се промени. Тоа првенствено донесе големи заштеди.

Според податоците на Американското здружение за оспособување и развој (ASTD), денес скоро една третина од сите едукативни содржини се расположливи и во електронски облик. Од друга страна, Истражувачкиот институт на Америка извести дека електронското учење има мож да го зголеми степенот на задржување на примените информации до 60%. Оние кои учат на овој начин имаат подобар надзор над брзината на учењето и при тоа можност за да ја повторат обуката во зависност од потребите.

Во рамките на Даталаб Академија забележуваме дека деловните корисници стануваат се помалку конзервативни. За електронски облик на учење одлучуваат повеќе од 70% од корисниците. Некои од Вас сеуште сакаат едукација “во живо”, во училница, со помош на ментор. Можеби тоа е Ваша навика и секако треба да размислите дали своите навики треба да ги промените. Во продолжение ќе потенцираме 3 главни причини за електронско учење.

3 главни причини >>ЗА<< е-едукација

Достапност 24/7

Електронските едукации по пат на видео упатства или видео семинари овозможуваат достапност до едукациските содржини од било кое место и било кога. Вие и сите Ваши вработени можете да пристапитет до едукативните материјали секој пат кога ќе стигнете до одредено прашање или сте заборавиле одредена постапка. Одговорот е оддалечен од вас на само еден >>клик<<.

Прилагодливост кон стиловите за учење

Не сите учиме на исти начин. Не треба да се оди подалеку од вашиот непосреден круг на соработници или членови на семејството да ги забележите разликите. Некои од Вас не сакаат учење во група, полесно или потешко ги следите содржините, подобро учите наутро или навечер или во текот на викендот и тн.

Електронското учење Ви овозможува самите да го одредите терминот и темпото на учење. Се одвива во амбиент кој одговара на вашиот стил на учење. Исто така овозможено е “бесконечно” повторување, се додека не ја преовладате содржината.

Помалку потрошено време

Студијата Brandon-Hall покажа дека за електронско учење е потребно 40% до 60% помалку време отколку за едукација која се оддржува традиционално во училница. За надоградување по пат на електронско учење не е потребно да поминувате големи далечини. Исто така не е потребно да резервирате хотелски соби или да патувате во друг град. Електронското надоградување е остварливо во истиот момент кога Едукацијата започнува и трае при вашето удобно чувство во вашата дневна соба или дури и во тек на вашето патување, на вашите компјутери или теблети (секако, ако не сте возач… сигурноста мора да биде на прво место).

Учете PANTHEON on-line

PANTHEON секогаш се надоградува. Во презафатените часови тешко е да се пронајде време за да не посетите во училницата, на едукациите или на настаните. Но имаме решение! Следете ги бесплатните видео упатства за новостите во PANTHEON или посетете ги нашите on-line семинари.

Во рамките на т.н. PANTHEON ТВ еукативните содржини Ви се достапни 24/7 и можете да ги погледнете додека сте на работа или од дома и онолку пати колку што самите ќе посакате.

Во знаењето е моќта и самодовербата кои ви се потребни за работењето!

Одлучив дека ноември е време за промени и затоа учествував на on-line семинарот. Не знаев што можам да очекувам и бев позитивно изненадена. On-line семинарите се одвиваат со леснотије, без разлика на повременети застои поради прашања на другите учесници. Овој облик на едукација го препорачувам на сите кои сакаат да добијат бројни конкретни одговори во многу краток период. Пердност на таквиот начин на едукација е тоа што содржината може повторно да се прегледа било кога.

Извор:

https://blog.commlabindia.com/elearning-design/online-training-benefits-for-employees

Архива – фотографии ДЛА

Не пропуштајте корисни новости и совети

Доколку сакате да добиете новости со корисни бизнис содржини од нашата База на Знаење, Ве молиме пополнете го образецот.

X