Сакаме да Ве запознаеме со нашите клиенти од МедикаПро, каде успешно го имплементиравме нашето ЕРП решение – Pantheon.
МедикаПро е компанија која работи на мало и големо со медицински препарати и ортопедски помагала во специјализирани продавници. Во 2018 година, нашиот тим на ЕРП консултанти, го имплементираа Pantheon во нивното работење.
Нашиот консултант, Ненад Матески целосно го прилагоди Pantheon во нивното работење, а со тоа се подразбира имплементација во повеќе сегменти и модули како што се:
- Преглед и следење на нарачки од купувачи и до добавувачи;
- Големопродажба (продажба на производи кои подлежат на партиципација (ФЗОМ), приватна продажба и консигнација);
- Mалопродажба (продажба на производи кои подлежат на партиципација, односно производи на товар на ФЗОМ и приватна продажба);
- Целокупна материјална евиденција;
- Фактурирање на сервисни услуги;
- Целокупно финансиско сметководство;
- Целокупна кадрова евиденција и пресметка на плати;
- Евиденција на патни налози;
- Планирање и анализа на продажба;
- Пакети за автоматска пресметка на бонуси за реализирана продажба по вработени
Накратко, ќе го прашаме Денис Марковски, менаџер на големопродажба и малопродажба во МедикаПро:
Што Ви се подобри во работењето со PANTHEON?
Преку автоматизирање на сите деловни процеси, Pantheon како деловен програм ни овозжможи да го унифицираме работењето на целата компанија на едно место.
Со водење на дигитална архива на документи значително ни е подобрена работата во административниот дел, а преку автоматизираното книжење на целокупната документација добиваме навремени и точни податоци за тековното работење.
Кои проблеми ви се решија со Pantheon?
Поради специфичноста на нашата дејност и начинот на продажба, Pantheon ни овозможи да направиме поделба на продажбата на производи кои подлежат на партиципација (на товар на ФЗОМ) и приватна продажба како и генерирање на месечна ФЗОМ фактура со неколку клика.
Покрај тоа, програмот ги содржи сите потребни извештаи и образци генерирани од материјалното или финансиското работење. Можноста за уредување и креирање на дополнителни и специфични извештаи го прави програмот по достапен и поприфатлив од страна на менаџментот и вработените.
Дали би го препорачале на останатите компании деловниот програм PANTHEON и зошто?
Pantheon како деловен програм претставува идеално решение за поврзување на сите процеси и функции во една компанија бидејќи е прилагодлив за било каков облик на работа. Програмот овозможува имплементација на процеси кои значително ја унапредуваат, олеснуваат и забрзуваат работата во компаниите.
МедикаПро
+389 72 225 505
https://medikapro.mk/