Известување за продадена 70.000-та лиценца на PANTHEON
Даталаб Технологије д.д., Водечката словенечка компанија за развој на деловен информациски систем го доби 70.000-от корисник на деловната програма PANTHEON, на 12 август 2021 година.
Поминаа само 4 месеци од објавата на 65.000-от корисник. Рекордни 117 дена, во споредба со трендот на бројот од претходните години, каде ни беше потребна една година за да имаме 5.000 нови корисници. Корисничката заедница на деловниот програм PANTHEON е најсилната мрежа во регионот.
Во последниве години, Даталаб го постави најголемиот акцент на развојот на алатки за дигитализација на малите и средни претпријатија, што енормно се исплатеше во сегашната ситуација, кога начинот на работа се одвиваше онлајн, на далечина.
Убедени сме дека рапидно растечкиот број на корисници е одраз на одличните тимови во сите земји, посветеноста на компанијата кон иновации, каде секојдневно допринесуваме за олеснувањето на претприемачкиот секојдневен живот.
Датум: 13.08.2021