Дигитална Трансформација во услужните компании
Разговаравме со Павлина, која заедно со нејзините клиенти имаат интересни искуства во користењето на PANTHEON Cloud услугата.
Павлина, на кој начин работите со толку голем број на услужни компании во вашето сметководствено биро?
ПАВЛИНА: Голем број мали услужни компании, се борат со огромен број на документи. Иако овие компании се мали по број на вработени, количината на документи може да биде значајна… И најчесто овој административен процес го избегнуваат, губејќи дел од приходите. Со клиентите на сметководственото биро, работевме на поставување на дигитална платформа, со која сервисните налози, работните налози, утрошоците, залихите ги менаџираат со леснотија, а моето сметководствено биро сите овие трансакции ги прокнижува ажурно на дневно ниво. Успешна дигитална трансформација, која е по навистина достапна цена!
Што добија вашите клиенти со услугата PANTHEON Cloud?
Моите клиенти добија квалитетен деловен систем, каде тоа е почетната основа за нивниот успех. Секоја друга импровизација за продажните активности доведува до губење на зделките. Импровизација или отсуство на дигитална стратегија, најчесто води кон финансиски проблеми. Затоа, компаниите имаат голема потреба за квалитетен деловен систем, кој ќе ги обедини сите деловни процеси во нивната компанија, каде со PANTHEON Cloud услугата им се овозможи:
- Следење на законски пропишани обрасци и процедури
- Електронска размена на податоци со сите расположливи е-сервиси
- Мерливост на искористеното време за секој клиент
- Наплата на услуга според обемот на работа
- Широка лепеза на софистицирани извештаи, графикони, табели
- Максимална автоматизација на процесите (книжења, даноци, автоматски извештаи)
- Консолидација на податоците на една групација
- Алатки за дополнителни услуги (наплата на побарувања, софистицирани извештаи за корисниците, алатки за планирање и следење на остварувањето на планот)
- Интеграција на дневните операции на клиентите (фактури, производство, магацинско работење, патни налози ..), со оперативните книжења во бироата без препишување
Што дополнително се подобри во вашето работење?
Од страна на моето сметководствено биро, работите се многу подобро организирани. Моите клиенти повеќе не ми носат документи еднаш месечно, туку јас можам да ги видам веднаш кога тие ги креираат. Моето сметководствено биро, веќе не е претрупано со хартија. Сите оригинални документи, ги гледаме дигитализирани, без потреба да трошиме од нашиот деловен простор! Со Pantheon cloud добив:
- Брза подготовка на ДДВ пријава… од пресметка до пријава на ДДВ пријавата во УЈП. Комплетно автоматизирано
- Неброени опции за пресметка на плата, по различни основи и пресметки
- Брз преглед на дигиталната архива на документи
- Трговски книги секогаш достапни
- Комплетно автомаризирано книжење на СИТЕ документи
- Извонредни извештаи кои им ги испраќам на клиентите, директно од системот
Со PANTHEON Cloud, можно е да се надгледуваат сите податоци, да се подготвуваат сите деловни извештаи и да се следи понатамошното работење. PANTHEON се развива и расте во согласност со времето, нашите потреби и законските измени. Со PANTHEON Cloud сè оди побрзо и полесно. Искрено го препорачувам.