ШИТКАРСКИ 02 дооел
Компанијата ШИТКАРСКИ 02 дооел се занимава со производство на леб и бели печива, во која има околу двеасетина вработени. Покрај производствениот погон, претпријатието има и 3 продавници на територијата на Свети Николе. Она што е карактеристично за индустријата во која што работи претпријатието, е примената на HACCP системот. Претпријатието се соочи со потребата од негова имплементација поради законските обврски, но и со цел да се осигура дека на своите купувачи им нуди квалитетен, и што е можно побезбеден производ.
Предизвик:
Претпријатието имаше намера да купи софтверско решение кое ќе ги покрие сите области од материјалното до финансиите и водењето на залихите. Преку наш корисник, дознавме за програмскиот пакет Pantheon и се одлучивме да ги погледнеме функционалностите кои ги нуди.
Решение:
Пресудна одлука во изборот беше, тоа што Pantheon ни нуди многу можности. Претпријатието се соочуваше со специфични барања кои ги наложува HACCP системот. Во оваа област PANTHEON ни понуди многу. Имаме можност да ги следиме производите според локацијата, производство со сериски броеви како и следење на залихата на суровини по сериски броеви. Она што за нас е особено важно е и водењето на евиденција на документацијата и воспоставувањето на ефикасни производствени протоколи и постапки.
Заклучок:
Софтверското решение е имплементирано во октомври, 2008 година. Покрај тековното олеснување на работата и оптимизација на процесите, вистинските придобивки од употребата на PANTHEON ги добивме по две, три години. Храбро чекориме кон иднината и патот на успехот заедно со PANTHEON.