Општи теми, Сметководство, Прописи и Регулатива, Деловни Решенија, Претприемништво, Дигитализација
Како до ефикасен попис?
Со цел пописот да ни помине како што треба низ целата година, ние треба да го контролираме излезот и снабдувањето на залихите, така што нема да дојде до проблем во самиот процес.
Лицето кое ги прима производите мора да изврши и физичка проверка со цел вистински да се убеди дека тоа се вистинските производи. Сите сме свесни дека пописот не може да се заврши во неколку лесни чекори, но дефинитивно можеме да примениме неколку совети и да ви ја олесниме работата.
Документацијата мора да биде уредна и сите настани што се случиле до денот кога го извршуваме пописот мора дa биде евидентирана. Мораме однапред да испланираме кој што ќе потпишува, кога и каде. Сите вработени кој работат на пописот мора да бидат известени во согласност со договорот.
Обрнете внимание кога залихата ви е најмала колку што е можно повеќе, кога оптоварувањето на целокупните залихи е се помала (на пример, кога во продавниците има неработни денови). Целта на реализацијата е да биде што повеќе економична и да не смета во редовната работа. Губењето на работа значи и губење на пари!
Посебно внимание треба да посветиме на оние кои во било каква форма зависат од другите компании или поединци, без оглед дали се на листа за наплата или било која друга листа. Доколку клиентот не ни потврди ние не можеме точно да го евидентираме. Таквата потврда често може да се одложи, дури и за повеќе од 30 дена, па затоа е тешко да се подготви соодветна листа за попис.
Вака можеме навремено да откриеме дека работите не ни се совпаѓаат, бидејќи за одредени работи не ни се спремени одредени документи. Поради оваа причина, записите во деловната книга не ни се совпаѓаат со моменталната состојба.
Во прилог прочитајте неколку прашања кои беа поставени од наши клиенти, а ние се потрудивме соодветно да ги одговориме:
1. Како можам да видам на колку предмети е направен попис и колку долго се чека за попис?
На колку предмети е направен попис може да се види во деловната програма, во опциите за шифрирање (информациите ни се достапни и на фактурата). Извештајот за извршениот попис, пописните листи и решението на одговорното лице за постапките за усогласување на фактичката со сметководствената состојба, се доставуваат за книжење на лицето одговорно за водење на сметководствената евиденција и изготвување на годишна сметка, најдоцна до 15-ти јануари наредната година, за пописот извршен со состојба на ден 31.12. претходната година.
2. Што треба да направам кога ќе се сретнам со некој предмет кој не е наведен во мојот попис?
Можете да го преместите на основното место во програмот.
3. Можам ли да го откажам предметот?
Преку системот, можеме да го отстраниме предметот. Понатамошната постапка за отстранување зависи од компанијата и нејзините правила и процеси.
4. Може ли да ги видам моите претходни залихи?
Да, доколку се користи деловната програма каде што се нагласуваат опциите за залихи во текот на годините и се земаат информациите за залихите.
5. Може ли да ги променам моите претходно додадени залихи?
Ние не треба да ги менуваме претходните додадени залихи. Обично треба да бидат “заклучени”.
6. Што треба да гледам во извештајот за бруто билансот?
Извештаите се приспособени за потребите на корисниците. Стандардните работи кои може да се следат од внатре во
извештајот се:
• Залиха на производите
• MPC
• VPC
• Вредноста на вишок и дефицит
7. Дали залихите можат да бидат управувани од повеќе луѓе паралелно?
Во исто време може повеќе комисии на инвентар да направат попис.
8. Може ли повеќе луѓе да го администрираат пописот?
Може, секој корисник има уникатно корисничко име и лозинка, и ниво на права што го одредува она што тој или таа може да го направи.
За повеќе информации, аплицирајте на контакт формата за симнување на новиот Водич за Попис – кликнете тука.
Нашите совети за ефикасен попис не завршуваат овде! Доколку имате дополнителни прашања во врска со пописот и како се спроведува, контактирајте не за да може да Ви ги презентираме најефикасните начини за спроведување на оваа постапка во Вашата компанија.