, ,

Канцеларијата е минато?

5 Дек 2017

Се сеќавате ли на работната маса од пред само 10 години. Имавме десктоп компјутер, телефон, скенер, факс, календар и многу други работи, а споредете ја со денешната маса. Погледнете ја вашата канцеларија. Дали сте воопшто во канцеларијата? Колку работи во вашата работа веќе ги правите или можете да ги направите од било која локација, во секое време? Cloud е тука, вашиот бизнис софтвер. Што е се променето и каде одиме?

Видеото со наслов “Еволуција на работната маса” ја објаснува целата ситуација.

Ако подобро разгледаме ќе видиме дека деловно-техничката еволуција не влијае само на промените во работната маса, како составен дел на канцеларијата. И другите уреди, покрај и околу работната маса, доживеале драстични промени или биле целосно елиминирани. Подолу се наведени само некои од нив:

Факс машина

Се сеќавате ли на овој уред? Дали и понатаму го користите? Веројатно се помалку и помалку. Факсот веќе го заменуваме со електронскиот факс на услуги или едноставно со емаил пораки. А ако припаѓате на помладата генерација, многу е веројатно дека дури и не сте се сретнале воопшто со овој уред – бидејќи многу веќе не ги ни употребуваат и не се во мода.

Впрочем, ако размислуваме од еколошки аспект, сигурно ќе ни текне колку многу заштедуваме на хартија, а и на бучава.

Скенери

Скенерот исто така беше составен дел на секоја канцеларија. Дури и денес, можно е да најдеме скенер во комбинација со печатач и факс машина во канцелариите, но се користи се помалку и помалку. Современите мобилни телефони со апликации како Office Lens или едноставно со апликацијата за камера можат да го решат проблемот со скенирање документи. А камерите на мобилните телефони ни станаа толку квалитетни што дури можат да бидат подобри “скенови” од вистинскиот скенер.

Сметачки машини

Се сеќавате ли на овие? Кој има работено во сметководство сигурно се сеќава на овие машини. Карактеристичниот звук што се појавува кога ќе го притиснете копчето + или = и машината почнува да ја исфрлува лентата со резултатот, може да се слушне во секоја сметководствена агенција. Денес оваа машина е за во музеј. Дури и најтешките сметководители користат современи алатки и софтверски калкулатори кои најчесто се вградени во деловните програми што ги користат во нивните агенции.

Телефон

Мобилниот телефон го замени фиксниот. Фиксниот е заменет со VoIP технологијата. Физичката телефонска инфраструктура е заменета со софтверска телефонска размена на интернет. Сега можете телефонот да го носите насекаде со вас. И прашањето е колку долго и ова ќе потрае …

Огласни табли, календари, листи со задачи

Се чини дека ова веќе исчезна и се стана дигитално. Со сите расположиви алатки, денес нема смисла да се ставаат никакви информации поврзани со бизнисот на “аналогната” огласна табла. Порталите на компаниите, интранетот, итн. оддамна станаа стандард во размената на информации. Кога ќе го додадеме коментирањето, разговарањето и можноста да додаваме слики, видеа и датотеки, јасно е дека современите дигитални табли денес се без кое неможеме. Особено, ако и вие како нас мислите дека брзата и квалитетна размена на информациите е клучот за успехот во бизнисот и трансформацијата на податоците во профит.

Десктоп компјутери

Десктоп компјутерот се помалку и помалку се користи во секојдневните активности. Лаптоп компјутерите ги заменија, но исто така и тие ќе одат наскоро во историјата, барем за оние корисници кои се помалку бараат.  Мајкрософт, додека сеуште беа во мода на развивање на оперативниот систем Windows 10, го претставија и Lumia 950 Dock, што може да го претвори мобилниот телефон во “компјутер” кој може да се поврзе со тастатурата и мониторот.

Samsung сега го прави истото со својот најнов телефон Samsung Galaxy Note 8. Ставете го телефонот на docking station, и преку docking station го поврзувате на вашиот монитор и тастатура, и имате речиси сè што може да се најде на стандарден десктоп компјутер. Исто така логично е да се земе предвид дека моќта на денешните мобилни телефони е многу блиску до моќта на десктоп компјутер од пред десеттина години и дека истите овие компјутери сè уште се користат во денешните компаниите.

А бизнис софтвер?

Се разбира, клучниот збор во оваа приказна е Cloud. Бизнис софтверот во Cloud ви овозможува да ја завршите вашата работа (се разбира, зависи од типот и видот на работата) во секое време и насекаде. Деловната програма на Cloud ви овозможува да работите надвор од вашата канцеларија и воедно ви го заштедува времето, ви ги забрзува вашите активности, прави да ви биде поедноставно и да бидете со вашиот сметководител 24/7. Технологијата напредува од ден на ден. Решението Pantheon Cloud ќе ви помогне да ги пренесете некои од наведените алатки во Cloud. Со системот за управување со документи, внатрешни пораки, задачи и вградени напредни системи, Пантеон сега може да ви ги поддржи голем број од вашите деловни активности во секое време и насекаде. А исто така се движи и кон мобилни решенија, забрзување на активности, зголемување на ефикасноста, заштедува време и се разбира, добивате пониски трошоци.

Кој е следниот чекор и кој може денес без канцеларија?

Виртуелна канцеларија, можеби? Најновите истражувања покажуваат дека до 2022 година, речиси 2 милијарди луѓе ќе работат од далечина. За овие бројки е задолжена актиноста на технологијата и можностите што ги нуди. Многу сметководствени служби и агенции, маркетинг експерти, деловни консултанти, дизајнери, информатори и развивачи на софтвер, адвокати и агенции за човечки ресурси работат напорно на далечина. Дури и најголемите и слични работни места им се доверуваат на надворешни соработници и компании. Времето на уредите за канцелариско работење (што ги спомнавме погоре) одамна е поминато и беа заменети со лаптоп компјутери. Наскоро и лаптопот веројатно ќе биде заменет со мобилен телефон, ако не целосно, барем во делот на секојдневните деловни активности што можат да се направат преку мобилен телефон. Се оди во тој правец.

Кои се вашите искуства? Колку денес го користите вашиот паметен телефон во споредба со лаптоп компјутерот? Дали некогаш сте размислувале за тоа?

Не пропуштајте корисни новости и совети

Доколку сакате да добиете новости со корисни бизнис содржини од нашата База на Знаење, Ве молиме пополнете го образецот.

X