Општи теми, Деловни Решенија, Претприемништво
20 Години Даталаб
Можевме сите да возиме Ferrari во 1999, кога профитите беа исплатени. Наместо тоа, ги инвестиравме истите во развој, што ни овозможи да прераснеме во интернационална корпорација како што е Даталаб денеска.
Кој беше поттикот за создавање на Даталаб?
Андреј Мертељ: Серија на настани водеа кон создавање на Даталаб, но поттикот дефинитивно беше банкротот на мојата претходна компанија, Гекко д.о.о., која беше една од првите трговски претпријатија за продажба на компјутери во Словенија. Сепак, причината зошто ја преобликував Даталаб во различна компанија од типичните фирми за развој на сметководствен софтвер во раните 90-ти лежи во минатото.
Успешните претприемачи обично имаат семејство кое цврсто ги поддржува. Дали тоа беше така и во вашиот случај?
Андреј Мертељ: Татко ми конструираше машини во Елан. Тој дизајнираше машини кои беа одговорни за репутацијата на Елан и победите постигнати од страна на Стенмарк, Крижај и останатите, кои дизајни подоцна беа копирани од голем број на конкуренти. Автоматизирано здружување на скиите, страничен ѕид, подобрено заклопување на рабовите, полесна ‘comprex’ дрвена основа и останати иновации кои дадоа предност на компанијата во однос на конкурентите. Доколку размислувам за тоа сега, тој го создаваше во индустриските години истото она што PANTHEON го создава денеска: креирање прогрес со напредни деловни методи. Тогаш беа машините, сега е информатиката.
Бев 6 години кога татко ми требаше да оди во Хановер на ‘Industriemese’ комерцијален саем. Тој не’ зема мене и мојата мајка со себе. Се чувствував како да сум на друга планета. Автоматизација, првите роботи – тоа остави перманентна импресија на мене. Кога татко ми беше промовиран како Директор за ски производство, често го посетував во Елан, каде тој ме запознаваше со процесот на производство и ми ги претставуваше производствените погони, со кои проблеми се соочуваат и ме поддучуваше со решенијата кои можат да ги имплементираат. Кој помислуваше, години подоцна, дека ќе бидам предавач во таа иста сала во Хановер.
Мојата мајка ми ги пренесе другите корисни вредности. Како професор по уметност, таа ме учеше да имам чувство за естетика. Работите не смеат да бидат само фунцкионални, туку и естетски. Вниманието кое се придава на деталите е важно (колку добро мојата соба беше исчистена). Намерата >>delayed gratification<< е обично многу подобра во споредба со моментален успех. Без овие вредности, можевме сите да возиме Ferrari во 1999, кога профитите беа исплатени. Наместо тоа, ги инвестиравме истите во развој, што ни овозможи да прераснеме во интернационална корпорација како што е Даталаб денеска.
Друг важен пример беше мојата баба. Ќерката на основачот на Горенка, остана во менаџментот и по национализацијата. Социјализмот се распадна и нешто првично мораше да биде направено, пред да биде возможно да настане самата промена. Таа ми го пренесе претприемачкиот дух, талентот за маркетинг, скромноста и штедливоста.
Без овие благослови од мојата младост и вредностите креирани во мене, никогаш немаше да бидам во можност да го менаџирам Даталаб и да ги совладувам пречките на патот.
Вашето ‘дете’ е ERP софтверот PANTHEON. Како го водевте продуктот и компанијата од раѓањето до својата зрелост?
Андреј Мертељ: Мојот бизнис партнер, Томаж Тејровски, и јас ги поставивме основите на оваа компанија во мојата детска соба и со 1,000 Германски Марки кои ги имав од мојата последна плата. Јас бев одговорен за дизајнот и архитектурата, пишувањето на упатства, продажба и поддршка, додека Томаж програмираше. Компанијата, продуктот и бројот на корисници растеа правопропорционално. Повеќе од 50,000 корисници и 18,000 компании во регионот го користат продуктот денеска.
Растот имаше свои подеми и падови. Додека централизираното водење и силното лидерско его беа добредојдени на почетокот, тимската работа и деталното размислување беше потребно подоцна. Во 2009, компанијата беше во криза. Кризата беше успешно пребродена. Кредитот за подобрување и разбирањето на циклусите одат на сметка на Господин Лојзе Зајц. Менторот кој ме научи финансии како и за балансирањето на деталите на компанијата, и најважното, како големите организации функционираат. Додека постигнувањето и иновациите беа потребни во почетните циклуси на раст на компанијата, стабилноста е на прво место денеска. Кога имате 100 корисници, можете да си дозволите одредена грешка во кодот со цел да поставите техничка иновација, но кога се тука 50,000 корисници, цената на тие грешки ја надминуваат вредноста на таа иновација.
Во последните 2 години, бевме насочени кон дополнување на менаџментот во компанијата. Целта беше да се регрутираат најдобрите луѓе во соодветните професии – не оние кои се слободни или имаат желба. Среќен сум што одредени позиции беа пополнети со луѓе кои беа во компанијата, но и луѓето кои дојдоа од надвор ни помогнаа исто така. Како што доликува на компанија од слична големина, менаџерските одговорности се поделени на неколку раководители (продажба, финансии, развој, операции итн.) со јасно дефиниран фокус и цели.
Додека постигнувањето и иновацијата беше задолжителна во раниот циклус на раст, стабилноста е на прво место денеска.
Неверојатно сум среќен и горд кога ќе погледнам на продуктот роден со амбиција и 1,000 Германски Марки.
По дваесет години, го напуштате активното управување со вашата компанија. Кои се вашите последни мисли?
Андреј Мертељ: Ја напуштам можеби најактивната лидерска позиција во регионалната економија. Тешко е да се менаџира високо технолошко претпријатие. Додадете го на тоа постојано променливото опкружување, различните перцепции на клиентите, кои често гледаат инвестиција во технологијата само како трошок – или уште полошо, како нешто кое им го налага државата – како и често лошо разбраната финансиска индустрија, право чудо е што не завршив со срцев удар. Но се е добро кога ќе се заврши добро.
Сигурен сум дека со искуството кое го добив во Даталаб, можам многу да помогнам во дигиталната револуција на земјоделието. Поради тоа сакам да посветам голем дел од моето време, покрај на семејството, и на ова поле.
Последно но не помалку важно, сакам да изразам благодарност до сите корисници, поранешни и сегашни вработени, партнери, финансиски менаџери, официјални лица, и пријатели, кои ги направија овие неверојатни и успешни 20 години реалност. Неверојатно сум среќен и горд кога ќе погледнам на продуктот роден со амбиција и 1,000 Германски Марки. Посакувам продуктивен и прекрасен живот со многу здрави деца на развиениот Даталаб. Со познавањето на тимот и соодветната посветеност на сите членови, мирно можам да ја предадам палката со која ќе управуваат тие.
Во однос на менаџерските алатки кои можеме да ги користиме денеска, главниот клуч за успех е тимот. Луѓето со визија, знаењето, мотивацијата, и останатите носители за личен успех како и успехот на Даталаб се клуч за целокупното постигнување.
Господине Морено, вие ја преземавте позицијата на Извршен Директор во Мај 2017 година. Може да ни кажете која е вашата управувачка визија за компанијата?
Морено Родман: Со Андреј се познававме од 1999 година. Како основач и партнер на Актуал, јас бев во потрага по соодветен ERP систем со кој ќе ги покријам потребите на малите и средните компании во регионот. Постигнавме партнерски договор со Даталаб. Како директор за продажба на најголемите IT компании во Словенија, му дадов предност на PANTHEON пред другите (странски или домашни) ERP системи за мали и средни претпријатија, поради тоа што видов голем потенцијал во него. Кратко потоа, во 2002, Андреј побара од мене да ги преземам управувачките одговорности во Даталаб, чија цел беше брз раст на домашниот и странскиот пазар. Во тие години, мал број на менаџери работеа неколку различни полиња, поради тоа што знаевме дека мала компанија ги има истите одговорности како и големите, иако има помали ресурси и малку луѓе. Земајќи го тоа во предвид, PANTHEON беше од голема помош и растеше со нас.
Денеска, Даталаб е компанија која ја визиониравме од почетокот. Ги има сите основи за понатамошен развој и експанзија на нови пазари. Додека пред неколку години менаџментот имаше неколку позиции водени од еден, тоа повеќе не е случај денеска. Ние сме едноставно премногу големи за мала група на луѓе да го управуваат целиот бизнис како што е потребно. Поради тоа ги поделивме менаџерските одговорности многу конкретно. Даталаб д.д. сега има свој Извршен Директор, со менаџери на индивидуални оддели кои му помагаат. Имаме менаџер за маркетинг и одговорен за продажба, менаџер за развој, менаџер за операции и одговорен за IT, менаџер за финансии и одговорен за сметководство. Поради тоа што сме акционерско друштво, работењето на управителите е надгледувано од страна на борд на директори, кој контролира и прави да биде реализирана визијата на акционерите.
Имаме свои ќерки фирми во сите држави каде што сме активни присутни. Менаџментот на секоја од овие компании е внимателно поставен, со што водачите на индивидуалните оддели (на пример, маркетинг, продажба, поддршка, академија, финансии, сметководство итн) асистираат на директорот на фирмата која го води преставништвото.
Во однос на менаџерските алатки кои можеме да ги користиме денеска, главниот клуч за успех е тимот. Луѓето со визија, знаењето, мотивацијата, и останатите носители за личен успех како и успехот на Даталаб се клуч за целокупното постигнување.
Моја главна задача е да направам контрола на правилното поставување на процесите во компанијата, да ја подобрам комуникацијата интерно и екстерно, како и да го зголемам тимскиот дух и тимската работа во целата корпорација.
Само така ќе успееме да ги зголемиме приходите во близок период.
‘Пораснатиот’ Даталаб сега е во ваши раце. Кажете ни повеќе каде ја водите компанијата и продуктот.
Морено Родман: PANTHEON со своите функции стана развиен ERP систем веќе одреден период. Постојат повеќе од 17,000 страници на упатства. Во него е содржано големо деловно искуство, кориснички барања за развој, регулативи, и оптимизација на бизнис процеси. Спремен е да биде претставен на новите пазари, поради тоа што имаме доволно знаење, алатки, и луѓе. Во блиска иднина, сакаме да продреме во Украинскиот и Италијанскиот пазар, каде мали среќни настани (забраната на најголемиот конкурент во Украина, и големата желба за соработка од страна на еден од телекомуникациските оператори во Италија) придонесоа за промена во стратегијата за не-проширување.
Технолошка-мудрост, ние сакаме и ние мораме да бидеме дел од Индустриската Револуција 4.0. На стартот ја имавме пареата и првите машини кои ја олеснија работата на нашите предци. Потоа електричната струја, линиското производство и раѓањето на масовното производство. Третата индустриска револуција дојде во вид на компјутери, автоматизација, машини и роботи кои полека ги заменуваа луѓето во тешките индустриски задачи.
Прашањето не е, дали доаѓа Индустријата 4.0, туку колку брзо доаѓа
Денеска влегуваме во времето на Индустријата 4.0, каде компјутерите и процесната автоматизација ќе се соедини во едно – во нова насока. Со нови алгоритми, вештачка интелегенција, и машинско учење, барањето за се помалку внесувања на податоци, обидите или интеракции со луѓето, Индустријата 4.0 воведува ‘паметни фабрики’, каде автоматизираните системи ги контролираат процесите и креираат децентрализирани одлуки. Со IoT, системите се во можност да комуницираат едни со други – и со луѓето – во реално време.
Иднината на PANTHEON (и неговиот развој) ќе биде фокусиран во следниве насоки:
- Интероперативност – апликации и уреди кои ќе бидат поврзани и ќе комуницираат едни со други и со луѓето
- Системски интеграции, лесна употреба и пристап до податоци
- Сертифицирања и брз пристап до електронски архиви со документи (DMS)
- Поддршка за сите бизнис процеси Оперативни Текови/Бизнис Процес Менаџмент
- Процесирање, потпишување, ликвидирање на документи
- Автоматска поддршка за производствените процеси
- Процесирање и анализи на големи количини податоци (ZEUS бизнис интелегенција)
- Препишување на податоци од хартиени документи и автоматско процесирање со помош на Вештачка Интелегенција
- Веб сервиси за одделни решенија (сметки, PA WEB Lite, Back Office, итн.)
- Интеграција со ФинТех
- Комуникација со уреди и апликации на мајчиниот јазик на корисниците…
Прашањето не е, дали доаѓа Индустријата 4.0, туку колку брзо доаѓа. Исто како и големата количина на податоци (big data) и останати бизнис трендови, ние предвидуваме дека првите кои ќе се прилагодат ќе бидат наградени за нивната храброст на превземање нови технологии. Оние кои ќе го одбијат тоа ризикуваат да бидат иррелевантни и неуспешни и да останат во позадина.
Даталаб има желба и ќе биде еден од првите кои ќе ги преземат новите трендови и предизвици, кои исто така ќе ги претставиме на нашиот роденденски настан на 16ти и 17ти Ноември во Порторож, Словенија, на Интернационалната PANTHEON Конференција 2017, на која со задоволство ве покануваме.