, ,

5 клучни деловни критериуми за избор на ЕРП решение

16 Јан 2023

Топ 5 критериуми за избор на ЕРП решение

#1: Поддршка од локален партнер

Колку поддршката е важна се уверија сите оние на кои им била потребна барем еднаш. Се додека не ви е потребна поддршка, квалитетот на поддршката не ви е ни важна, но доколку некогаш сте чекале долго слушајќи одредена мелодија од говорниот автомат тогаш прилично сме сигурни дека знаете за што се работи.

Поддршката е најважниот критериум. Многу едноставно, софтвер ќе купите, ќе го платите и имплементирате и тоа е тоа. Но, кога ќе почнете навистина да го користите ќе видите дека квалитетот на поддршката може да значи различна работа за различни луѓе.

Сега, некој би рекол <<а зошто ми е потребна поддршка>> кога ќе научам да работам во програмот. Размислете. Фирмите растат, се развиваат, ја менуваат стратешката насока, воведуваат нови производи и услуги, ангажираат нови вработени и слично.

Деловен софтвер од ЕРП категорија е измислен како алатка која помага во работата и ги следи деловните процеси, па јасно е дека за сите горе наведени активности е потребна поддршка.

#2 Следење на перформансите на системот од страна на производителот

Што ова во суштина значи? На овој начин напишано делува прилично во магла и нејасно. Во суштина е лесно за разбирање, ако ги споредите перформансите на софтверот со автомобилите. Секоја година, производителот на автомобили претставува на пазарот нов модел со унапредени перформанси. Како тие знаат што треба да унапредат? Знаат така што ги следат и тестираат перформансите на своите производи како во реалност така и во тестното опкружување.

Не секој пат погодокот е во центар, но со постепени надоградби автомобилите денес ни малку не личат на оние од пред само неколку години. Тука се компјутерите, автоматската контрола на пролизгување, рамномерната дистрибуција на силата на кочењето и други разноразни паметни работи кои производителите ги вградуваат, а кои се резултат токму на следењето на перформансите.

Да се вратиме назад на софтверот. Со софтвер е многу подобро! Затоа што, ако си купите автомобил и производителот во следната верзија направи значајни подобрувања во перформансите вие нема автоматски да добиете нов автомобил, вие ќе морате да купите нов. Со софтверот ситуацијата е значајно подобра. Едноставно, го надоградувате софтверот и имате најнова верзија. Со сите унапредувања кои во меѓувреме се надградиле. Одговара зар не?

#3 Можност системот да ги задоволи деловните потреби

ERP системите се купуваат со намена да помогнат, да унапредат и го потикнат работењето. Поради тоа овој критериум е многу важен. Без разлика колку е моќен доколку не е во состојба да се прилагоди или да помогне во унапредувањето на вашето работење, ЕРП системот е безвреден за компанијата.

Веќе напоменавме дека секоја компанија се развива и расте со тек на времето. Тоа значи дека софтверот треба да овозможи ако не се’ тогаш барем три точки од оваа листа:

  • Флексибилен и прилагодлив систем за известување
  • Поддршка за широка палета на деловни процеси
  • Поддршка за планирање
  • Можност за проширување со интерни или екстерни алатки

И тоа не е се. Деловен софтвер е алатка која компанијата ја набавила за долги стази. Тоа не е еднократна операција. Доколку во старт не помислите и ако барем еднаш не се обидете да ги предвидите своите деловни потреби во наредните години, постои голема веројатност дека решението кое е <<добро>> денес, утре да стане претесно.

#4 Потенцијал за континуиран развој на решението

Овде всушност се говори за силата на софтверската компанија, континуирано да ги унапредува своите производи. За која сила зборуваме? Многу едноставно, зборуваме за силата на софтверската компанија која се мери со нејзиниот финансиски резултат (има ли доволно приход и профит), бројот на луѓето во развојо и поддршка, како и трендовите низ времето. Денеска овие параметри релативно лесно може да се проверат, поради тоа што постојат јавни објави на овие податоци кои се достапни.

Зошто ова е важно за корисниците? Многу едноставно, силата на компанијата овозможува понатамошен развој и унапредување како на компанијата, така и на производите. А унапредувањето на производите е од големо значење за крајните корисници. Јасно е дека и денеска на пазарот имаме компании кои и понатаму тврдат дека <<нема ништо како што се DOS решенијата>>, но да бидеме реални дали денеска повеќе би избрале Yugo или солиден Passat (немора дури ниту да биде најновиот модел)?

#5 Цена на ЕРП решението

Последно, но не и најмалку важно е цената. Но кога зборуваме за цена не е само прашање на иницијалната цена, односно колку ќе ме чини ЕРП на почетокот. Прашањето е вкупните трошоци за инсталација, користење и оддржување на деловниот софтвер.

Совет: секогаш пресметајте (или барем обидете се) колку ќе ве чини вашиот софтвер на период од 3,5 и повеќе години.

Имајте во предвид, софтверската лиценца е само еден од параметрите за формирање на цена на деловниот софтвер. Имплементацијата на деловниот софтвер е друга точка за која често <<негодуваме>>. И таа најчесто не е значајна. Потоа е знајачна?

Долгорочен трошок за поддршка и нови верзии. Лиценците ќе ги купите и тоа е завршено. ЕРП ќе го имплементирате иницијално и со тоа е готово. Сето останато припаѓа  во поддршка по имплементација. Сеедно дали е тоа едноставно барање за техничка поддршка, во смисла <<а како да го направам ова или она>> или <<каде да кликнам за да го добијам овој или оној извештај>>, па се до мини проекти кои подразбираат мини-имплементација на конкретното прошување на ERP решението во рамките на желбите за проширување на основните функционалностие со некои нови деловни процеси.

 

Наведовме 5 клучни деловни параметри, по наше мислење и од наше искуство. Тоа секако не значи дека тоа се сите критериуми. Ќе ве потсетиме на уште неколку кои секако мислиме дека се значајни, но не припаѓаат во топ 5 по нашето мислење.

  • Квалитетна документација
  • Функционалноста на системот
  • Едноставно користење
  • Едноставност на имплеметацијата на новиот систем
  • Можност системот да работи со постоечка опрема

Се надеваме дека барем малку придонесовме во разбирањето на оваа сложена проблематика и дека податоците од овој текст ќе ви помогнат на патот до успехот!

Не пропуштајте корисни новости и совети

Доколку сакате да добиете новости со корисни бизнис содржини од нашата База на Знаење, Ве молиме пополнете го образецот.

X