Даталаб вчера, денес, утре
Претпријатието Даталаб е основано на 03.09.1997 година, со цел да развива интегрирани деловно информациони системи за мали и средни претпријатија. Основачите Андреј Мертељ и Томаш Тејровски го основаа претпријатието како одговор на банкрот претпријатието ГЕККО д.о.о., во кое беа вработени, а Андреј беше и партнер. Претпријатието ГЕККО имаше раширена мрежа на продавници за компјутерска опрема и во тоа време беше на второ место на пазарот со трговската марка Словенечки персонални компјутери (Power Plus). Претпријатието стигна во проблеми поради непрегледноста во работењето, што беше резултат од слабата информациона поддршка. Андреј на себе си даде цел дека ниеден претприемач, поради несоодветна деловна програмска опрема, не би требало да доживее “хаварија”, која ја доживеа тој сам. Слоганот ПРЕТВОРЕТЕ ГИ ПОДАТОЦИТЕ ВО ПРОФИТ, е наше мото уште од почетокот и јасно ја покажува нашата мисија. Со употребата на современите информациони технологии сакаме да помогнеме на претпријатијата во трансформирање на податоците, кои настануваат во работењето, во поголем профит. Од тоа следи нашето цврсто уверување дека информационата технологија е основен елемент, кој треба да им помогне на претпријатијата во создавање на резултати (зголемување на профтитот), а не да биде само за себе.
Почетната екипа од тојца вработени стручњаци ги постави основите на трансакцискиот програмски пакет Даталаб HERMES. На овој програм изградивме интегрален деловно-информационен систем Даталаб PANTHEON. По растот со вообичаениот развој и поддршка на програмската опрема, во 2000 година заклучивме дека нашата цел можеме да ја оствариме само со широка база на корисници. Имплементацијата и поддршката станаа успорувачки фактор и на претпријатието му требаше да се насочи во друг правец. Дојдовме на идеја да направиме партнерски канал Даталаб, кој ќе овозможи поделба на работата помеѓу Даталаб (развој, координација) и партнерите (продажба, имплементација и оддржување). Наши центри на поддршка во Љубљана, Марибор и Копер ги претворивме во самостојни претпријатија во сопствеништво на тогашните вработени. По прилично турбулентни години, во кои поради реорганизација почувствувавме одреден пад на приходите, новата организација добро се постави и денес претставува еден од најбрзо растечките претприемачки групации во Југоисточна Европа. Реорганизацијата ни помогна за одредување на фокусот и транспарентни деловни процеси во нашето претпријатие и пошироко во партнерската мрежа.
Даталаб може да се дефинира како софтверско претпријатие, кое од гаража се подигна до Љубљанската берза. Ги исполнивме своите очекувања и истовремено сме одговорни за општеството и околината. Сакавме да докажеме дека и во Европа може да се оствари визија на високотехнолошко претпријатие. Затоа на 05.05.2003 на основачкото собрание е основано претпријатие Даралаб Технологии д.д., кое од 01.12.2003 ги превзема работите на Даталаб д.о.о. Акционерско Друштво, во кое поголемиот дел од вработените поседуваат акции.
Нареден чекор беше во јуни 2008 година кога Даталаб д.д. почна да котира на Љубљанска берза (ознака на акции: DATR) со што станавме прво технолошко претпријатие кое котира на таа берза. Точно две години подоцна 30.06.2010, го прославивме јубилејниот 20.000 корисник на PANTHEON, на 27.02.2013 го прославивме јубилејниот 30.000 корисник, а на 31.03.2015 го прославивме 40.000 корисник, a веќе на 15.03.2017 и 50.000. корисник.
Во септември 2017 ја прославивме и нашата 20 годишница.
Даталаб денес е водечка Словенечка компанија за развој на деловната информатика што може да се потврди со рефентната листа и четири пати по ред освоена титула најдобри на Infosu – финалисти 1999, 2000, 2001 и 2002, Oracle EE&CIS Partner of the Year година 2007, European Seal Excellence 2008 и 2012, златна награда Најдобри Е-Решенија и сребрена награда Најдобро Е-Претпријатије (JAPTI) и многу други признанија.
Нашата работа никогаш нема да биде завршена. Сакаме да ја зголемиме едноставноста на употребата и да ги покриеме сегментите од работењето, кои сеуште не ги покриваме. Решението на предизвици, што ни ги носи Е-Работењето и со нив поврзано ниски трошоци, ќе биде едно од најзначајните подрачја на нашето работење. Со тоа стигнуваме поблиску до својата цел, развој на најдобрата деловна апликација за мали и средни претпријатија, како и помагање најзначајниот сектор земјоделството, полесно да (пре)живее.
Основните вредности се основа врз која членовите на тимот донесуваат одлуки, планираат стратегии и комуницираат едни со други. Вредностите доаѓаат од она во што веруваме, она што нè тера напред и она што нè поврзува за да можеме да бидеме најдобрата верзија на себе си секој ден.
Тие не водат и во нашето работење:
- доверба,
- иновации,
- искрена комуникација,
- сигурност,
- цел,
- одговорност,
- почит,
- професионализам,
- ориентирани кон иднината,
- посветеност
Визија и мисија на компанијата
Претпријатието Даталаб е посветено на развој на ефикасен деловно инфирмационен систем PANTHEON, кој овозможува целокупно управување и преглед на сите деловни процеси во претпријатието. Брзи и точни информации се од суштинско значење значење за претпријатието, поради тоа што својата способност може да ја оддржат и развијат само со помош на информациона поддршка.
PANTHEON е денес најдобар деловно-информационен систем од својот вид во регионот, но тука не застануваме. Наша крајна цел е да развиеме најдобар ERP систем во светот.
Нашата мисија е со иновациите да обезбедиме квалитетен деловно информационен систем за сите, дури и за малите претпријатија. Наша желба е да им помогнеме на корисниците во развојот и реализација на стратегијата, и помош за оптимизација на работните процеси и со автоматизација на работните процеси да го зголемиме профитот.
Развојна стратегија
Даталаб е посветен на постојано подобрување и иновации. Веруваме во способноста и грижливоста на нашите вработени и партнери. Негуваме култура на тимска работа, вработените користат најсовремена техонолошка опрема и дополнителни знаења кои им отвораат пат за оптимална експлатација и раст на нивниот потенцијал.
Развиваме деловен информационен систем, кој е модуларен и овозможува едноставно проширување со екстерните решенија на нашите партнери. На нашите корисници им нудиме напредни функционалности, кои им овозможуваат да напредуваат во своето работење.
Развојна филозофија
Во Даталаб веруваме во еволуционен развој на софтвер. Нашата развојна филозофија најдобро го опишува јапонскиот термин KAIZEN – постојани подобрувања и напредувања. Овој концепт е широко распространет во opensource заедницата, затоа што еволуцискиот развој овозможува брзо надградување по ниски цени. Содржината на надоградбата одредува повратни информации од корисниците, јавното тестирање и корисничките групи. Предлозите ги проценуваме и ги користиме како основа за промена на спецификацијата. Спефицикационата промена оди со развој, тестирање и локализација. Така е се припремено за пуштање на новата надоградба. Корисниците се во можност сами да одлучуваат дали надоградбата ќе биде направена.
KAIZAN е Јапонска деловна филозофоја, која е насочена кон континуирано подобрување во сите аспекти на животот. Уствари тоа е животна филозофија, која објаснува дека секој аспект во животот треба постојано да се подобрува. Инаку, во деловниот свет означува напредок на сите работни функции – од производство до управување. Благодарение на Kaizen пристапот, Јапонското стопанство по Втората светска војна успеа да се извади од хаосот во кој западна, а денес претставува составен дел на работењето на многу компании ширум светот. Клучни елементи квалитет, труд, учество на сите вработени, спремност за промени и комуникација.
Потребни ви се повеќе информации?
Јавете ни се или испратете ни меил. Со задоволство ќе ви одговориме на сите прашања.