ФАРМАХЕМ ДООЕЛ
ФАРМАХЕМ ДООЕЛ е приватна компанија основана од д-р Јосиф Таневски во октомври 1990. Фармахем е официјален застапник и дистрибутер на 23 светски познати компании. Во команијата постојат повеќе трговски сектори од кои: Инструменти и опрема, Адитиви и реагенси и Дијагностички реагенси и лекови. Во компанијата е присутен и одделот за Еколошки Консалтинг, Лабораторија за Животна Средина како и 2 Биохемиски Лабараториии. Посебен дел на Фармахем е Сервисот за одржување и поправка на ваги и инструменти што ги нудат на пазарот.
Предизвик:
Поради зголемениот обем на работа и потребата за точни и навремени информации, во Фармахем се одлучивме за купување на нов софтвер. Претходното програмско решение не ни даваше јасна слика за поврзаноста на документите, што за нас беше од особена важност за да го следиме трагот на материјалните промети.
Со цел за да го задржиме квалитетот на нашето работење, итно ни беше потребно софтверско решение кое во целост ќе ги задоволи нашите барања и потреби. Се одлучивме за PANTHEON. Присутноста на PANTHEON во другите земји во регионот, ни даваше сигурност за изборот, како и поддршката од далечина и големиот број на имплементациски партнери. Конечната одлука ја донесовме и врз основа на позитивните критики од наши соработници кои исто така се корисници на PANTHEON.
Решение:
Она што претходното софтверско решение ни го нудеше беше брзината, но ништо повеќе од фактура. Имавме проблем со прегледноста и следењето на документите, а не ни се допаѓаше ни корисничкиот интерфејс. Она што ни беше потребно – е софтвер со “модерен изглед“, со чија помош ќе можеме да имаме увид во сите податоци, во секое време. PANTHEON, прку големиот број на извештаи ни го овозможи тоа!
PANTHEON исто така ни овозможува следење на материјалните промети според сериски броеви, што е неопходно поради природата на нашата работа.
ФАРМАХЕМ ДООЕЛ е компанија сертифицирана по “ISO 9001“, а PANTHEON ги задоволува тие стандарди.
Заклучок:
После анализата, претпријатието отпочна со купување на 17 RE лиценци и 3 МЕ лиценци кои се воведени во сите оддели на компанијата.
Состојба по воведувањето на PANTHEON:
- Лесно воочување на грешките во документите
- Сеопфатни извештаи
- Детален увид во побарувањата и долговите
- Можноста за креирање на нарачки кон добавувачи и купувачи
- Беспрекорно следење на материјалните промети и текови
- Можност за следење и обработка на тендери
- Дијагностицирање на проблемите
- Менаџментот е секогаш навремено и одлично информиран, благодарение на менаџерските извештаи
- Можност за следење на продажбата и набавката по комерцијалисти, комитенти и добавувачи Автоматско книжење
- Структура на отворени ставки
- Наплатена реализација во проценти
- Распоредување на трошоци по вработени и оддели.
Она што сакаме да го напоменеме како карактеристика што особено ни се допадна, е постојаната надоградба и усовршување на системот, што во денешните услови на динамични промени на пазарот, е од особено значење за нас да имаме софтвер кој ќе ги следи законските промени и подобрувањата на системот.