Зошто PANTHEON ЕРП решението е погодно за менаџирање на малите бизниси

31 Јул 2024

Водењето на мал бизнис може да биде вистински предизвик, бидејќи бара внимателен надзор на финансиите, инвентарот, персоналот и многу други области. Деловната програма PANTHEON се покажува како одлично решение за ваквите потреби, бидејќи носи многу предности кои го поедноставуваат и подобруваат бизнисот.

Еве ги клучните причини зошто PANTHEON е вистинскиот избор за вашиот бизнис:

  1. Сè е на едно место

PANTHEON е сеопфатна деловна програма која ги комбинира сите клучни функции на едно место. Без разлика дали се работи за сметководство, управување со залихи, HR или деловна аналитика, PANTHEON овозможува лесно и брзо управување со сите деловни процеси. Ова ја елиминира потребата од користење на повеќе различни алатки, заштедувајќи време и намалувајќи го потенцијалот за грешки.

  1. Прегледност при работењето

Со користење на PANTHEON, добивате целосен преглед на вашиот бизнис. Програмата го олеснува следењето на финансиските текови, залихите, продажбата и другите клучни показатели за перформансите. Така, можете брзо и ефикасно да донесувате информирани одлуки, што е клучно за растот и успехот на вашата компанија.

  1. Достапна цена

За малите бизниси, многу е важно трошоците да не се многу високи. PANTHEON нуди конкурентни цени прилагодени на потребите на малите бизниси, обезбедувајќи пристап до врвен деловен софтвер без високи трошоци. Ова ви овозможува да ги фокусирате вашите ресурси на други битни аспекти на бизнисот.

  1. Брз почеток со работа

За лесен и брз почеток со работа, на сите нови корисници на PANTHEON им се нудат неколку бесплатни форми на помош, поддршка и предавања за почетници. Упатствата се достапни во писмена и видео форма на Корисничките страници. Бидејќи веруваме во споделување знаење, ќе најдете и многу корисни бесплатни деловни содржини во базата на знаење PANTHEON.

  1. Лесна работа со сметководство

Размената на документи помеѓу сметководствената служба и компанијата е брза и лесна. Сметководителот и компанијата пристапуваат до истата база на податоци, што во пракса значи дека размената е побрза и поефективна, ова го заштедува времето при што сметководителот може да посвети повеќе време на поквалитетни совети. Претприемачите можат да прикачуваат фактури и други примени документи со скенирање или сликање при што ги зачувуваат како визуелни записи во PANTHEON, а потоа сметководителот со само еден клик има евиденција на истите.

  1. Користите само она што ви треба

PANTHEON е сеопфатна деловна програма која овозможува широк спектар на функционалности кои и се потребни на компанијата. Во зависност од потребите на компанијата,  достапни се неколку видови на лиценци кои овозможуваат одредени функционалности. За малите компании ги препорачуваме лиценците Small Business и PANTHEON Web Light.

Изборот на вистинскиот деловен софтвер е клучен за успешно водење на мал бизнис. PANTHEON, со своите сеопфатни решенија, лесно управување и пристапна цена, е одличен избор за секој кој сака да го подобри својот преглед во бизнисот и да ги поедностави своите деловни процеси.

Имајте доверба во PANTHEON и унапредете го вашиот бизнис да расте и да напредува.

 

Не пропуштајте корисни новости и совети

Доколку сакате да добиете новости со корисни бизнис содржини од нашата База на Знаење, Ве молиме пополнете го образецот.

X