Центро Унион е една од најстарите македонски приватни компании, со долгогодишно искуство и традиција. Компанијата има за цел да ги задоволи потребите на своите клиенти со висококвалитетни производи, секогаш следејќи ги најновите трендови и иновации. Центро Унион е приказна за македонски семеен бизнис, познати по брендот FAVORIT и компанија зад која што се кријат безброј достигнувања. Иако компанијата има постигнато глобални успеси, нејзините основачи ги краси скромност и дисциплина, без кои што не би можеле да ја водат компанијата низ тешките економски години.
Накратко ја споделуваме нивната потреба од имплементација на ERP решението PANTHEON и како ние им помогнавме да ги решат проблемите со кои се соочуваа.
ПРЕДИЗВИК
Пред интеграцијата на ERP решението PANTHEON, Центро Унион се соочуваше со бројни предизвици во управувањето на своите деловни процеси. Една од најголемите предизвици со кои се соочија и тргнаа во потрага по софтверско решение беше изработката на менаџерските извештаи, кои беа исклучително тешки и им одземаа многу време. Сите извештаи се изготвуваа мануелно, со препишување и систематизирање на податоците од различни системи. Овој процес не само што беше повторувачки, туку и ни одземаше многу време, а податоците ни беа изложени на ризик од грешки.
РЕШЕНИЕ
Со цел да ги надминат овие предизвици и да ја подобрат ефикасноста на своите процеси, Центро Унион ги запозна консултантите на Даталаб МК, каде заеднички ги дефинираа проблемите и ги започнаа подготовките за да го имплементираат ERP решението PANTHEON. Во процесот на имплементација ги опфатија и следниве работи:
- Магацинско-материјално работење
- Сметководствено работење
- Пресметка на плати
- Основни средства
- Комерцијално работење
- Интерно менаџерско известување
- Буџетирање
БЕНЕФИТ
Интеграцијата на PANTHEON донесе значителни подобрувања во работата на Центро Унион:
Автоматизација на процесите: Менаџерските извештаи сега се добиваат директно од деловниот систем, без потреба од мануелно препишување.
Навремени и точни податоци: Софтверот овозможува генерирање на извештаи навремено и со висок степен на точност, што значително го подобрува процесот на донесување одлуки.
Зголемена ефикасност: Вработените сега можат да се фокусираат на други клучни активности, наместо да го трошат времето на мануелно систематизирање на податоци.
Намалување на ризикот од грешки: Автоматизацијата на процесите го намалува ризикот од човечки грешки, обезбедувајќи сигурност и точност на податоците.
ЗАКЛУЧОК
Интеграцијата на PANTHEON ERP системот донесе значителни придобивки за Центро Унион, овозможувајќи им да ги оптимизираат своите процеси и да се фокусираат на раст и развој. Оваа успешна приказна е уште еден доказ за способностите и квалитетот на нашето ERP решение.
Дознајте повеќе за тоа како PANTHEON може да ја подобри работата на вашата компанија и да ви помогне да ги надминете деловните предизвици со кои се соочувате. Контактирајте ги нашите консултанти на 02 3079 231 или пишете ни на info@datalab.com.mk