Сакаме да ја споделиме со вас, нашата успешна приказна во компанијата ЈОКА ДОО, каде го имплементиравме нашето софтверско решение PANTHEON.
Од своето основање во 1993 година, компанијата постигнува постојан тренд на раст. Нивното работење вклучува соработка со локални трговски синџири и голем број локални добавувачи на млеко, од кои се купуваат околу 10.000 литри свежо млеко на дневна основа.
Основната цел на сопствениците и сите вработени во Млекарата Јока е преку следење на светските трендови да работат на зголемување на капацитетите, да придонесат за поголемо подобрување на производството со примена на нови машини и технологии и производите Јока да бидат со непобитен квалитет и присутен на секоја трпеза кај нас, но и надвор од неа.
Компанијата моментално користеше застарено софтверско решение, кое не го следеше растот на компанијата и актуелните трендови, па затоа повеќе немаа корист од старото решение. Сепак, многу активности се правеа рачно, за што им беше потребно значително време.
Менаџментот на компанијата се соочуваше со секојдневни предизвици, сакајќи да се справи со бескрајните барања на добавувачите за собирање млеко. Нарачките на добавувачите вработените потоа рачно ги внесуваа во Excel табели, што резултираа со ниска продуктивност и направени грешки. Многу слични оперативни процедури постојат во процесот на продажба, каде што сите логистички процедури и нарачки за продажба се администрираа рачно. Во старото ERP решение главно го користеле за фактурирање, платен список и евиденција за присуство на вработени.
Со цел да се одговори на овие предизвици, менаџментот ангажираше консултант за да развие приспособено решение за купување, продажба, залихи и управување со складиштето со цел да го надгради постоечкиот ERP софтвер.
Подготвивме неколку прашања за сопствениците на ЈОКА ДОО, а во прилог можете да ги прочитате одговорите:
Кои беа клучните индикатори кои беа поставени пред почетокот на проектот ?
Со оглед на тоа што во PANTHEON се работат сите налози за производство, се внесуваат сите внатрешни и надворешни влезни и излезни документи, е огромна можноста за обработка на истите.
Креирањето на образци за извештаи, каде сите овие влезни податоци ќе бидат обработени и изготвени во извештај кој би можеле да го анализираме беше вистински предизвик и најпрво одземаше многу време (дури и до 40 часа неделно).
Сепак, откако веќе ги креиравме, надоградивме и ги потврдивме извештаите, времето за генерирање на извештај за интерна и надворешна употреба се сведи на едноставно “генерирање” на веќе готовите образци, кое не трае повеќе од 5 минути.
Од тука, дојдовме до заклучок дека времето за генерирање на извештаите е намалено дури и помалку на 1 час неделно, но со намалувањето на оваа време се отвори простор секојдневно да креираме нови извештаи и ги користиме продуктивно влезните податоци во PANTHEON.
Дали имплементирањето на софтверот придонесе да користите помалку хартија? Доколку да, Ве молам за податок за количина на хартија искористена на почеток на проектот и сега?
Пред имплементацијата можеби и мислевме дека по нашето дигитализирање, целосно ќе заборавиме на хартиените документи и досадното архивирање, но согласно регулативите во државата, тоа е невозможно. Согласно регулативите во државата, не постои можност да се дигитализираат одредени документи како патни налози, дописи до одредени институции и слично, кои сеуште работат само со хартиени документи. Меѓутоа, она што се забележува кај нас е намалена количина на користење на хартија интерно, во извештаите, кои најчесто ги анализираме дигитално, па дури и тогаш кога ги принтаме во хартиена копија, се на 1-2 страни со збирните количини и суми, без да мора истото сумирање да го работиме пешки, со рачно или собирање во ексел на повеќе табели.
Дали по завршување на проектот продолживте да соработувате со Даталаб и дали сте задоволни од соработката?
Да. Со оглед на тоа што дигитализацијата е процес кој што никогаш нема да прекине, како компанија која што сака да користи бенефит од истата, мора да ги следиме најновите трендови и алатки како податоците би ги обработиле што по навремено и по прецизно. Поради тоа, од наша страна сме слободни да ги контактираме секогаш кога сакаме да се консултираме дека работиме на вистинскиот начин или наидуваме на неочекувана пречка како побрзо би ја отстраниле, поради што сме задоволни и никогаш не сме оставени сами да ги решаваме нашите проблеми, а од друга страна, Даталаб слободно не контактираат за да не запознаат со некоја нова алатка или надоградба која што сметаат дека би ни помогнала во постигнувањето на заедничката цел – да работиме брзо и прецизно.
Дали по завршување на проектот користевте други консултанти во некоја друга област?
Да. Како што претходно напоменав, дигитализацијата е процес кој што сметаме дека никогаш нема да престане. По првичното воведување на дел од компанијата со PANTHEON на персонални компјутери, лаптопи, таблети и телефони и откако научивме како ние да ги внесуваме, обработуваме и анализираме податоците, во иднина размислуваме на искористување на веќе поставените контролори на машини (PLC) директно испраќаат информации до PANTHEON од машините во производство, откупни центри и сл., со што би се намалил просторот за грешка од човечки фактор и внесувањето на податоци ќе биде во реално време. Дополнително со поврзување на овие контролори во PANTHEON ќе се зголеми и контролата на квалитетот и квантитеот поради зголемена можност за контрола на производот. (пр. можности за автоматско известување по смс или е-маил при дефект на машина или комора за одржување, автоматско внесување на откупните количини суровини на дневна база и нивна споредба на лице место како би можеле побргу да реагираме во случај на несовпаѓање и сл.)
ПРЕВЗЕМЕТЕ ПРИРАЧНИК „ЗОШТО ERP РЕШЕНИЈАТА СЕ ВАЖНИ И ЗА МЛЕКАРНИЦИТЕ?“
ЈОКА ДОО
https://joka.com.mk/