,

Meet the Team – кратко интервју со Марија Николовска – Маркетинг специјалист во Даталаб МК

10 Мај 2023

Продолжуваме со нашите кратки интервјуа, под слоганот “Meet the Team”, за подобро да ви го претставиме тимот на Даталаб МК.  Во прилог кратко интервју со нашата колешка која не прави видливи и секогаш достапни за нашите клиенти, корисници и партнери – Марија Николовска, Дигитален Маркетинг Специјалист и Организатор на настани во Даталаб МК.

По вокација е дипломиран Новинар на Правниот Факултет „Јустинијан Први“, се опишува себеси како: секогаш позитивна и насмеана личност, спремна да одговори на сите секојдневни предизвици со кои се соочуваме што приватно, што деловно. Омилен пијалок и е „Aperol-Spritz“, а омилена дестинација за патување: „Париз – некој ќе каже градот на светлината, а јас ќе му дадам уште неколку епитети: градот на љубовта, градот на страста, виното, печивата, уметност, градот на модата, француските револуции, богат со историја и култура. Просто е невозможно да не се заљубите во овој град, каде преовладува стилот, модата, каде рестораните и ноќниот живот ветуваат уживање. Секоја посета во Париз ми е со различно доживување“.

 Како ја започнавте вашата кариера во Даталаб МК?

Марија: Сосема спонтано, во тоа време работев во Нова Македонија на иста позиција Дигитален Маркетинг и една моја колешка со која работевме во Златна Книга заедно, започнала да работи во Даталаб веќе неколку месеци како Продажен ЕРП Консултант и при разговор ми спомна дека е отворен конкурс за аплицирање „Дигитален Маркетер во Даталаб“. Па така случајно се одлучив да пратам CV и да си ја пробам среќата за таа работна позиција. Секако имаше повеќе заинтересирани кандидати, каде ми се чинеше дека е малку невозможно да се вработам во Даталаб, но после поминати три работни интервју во Даталаб, ми се јави Директорот на компанијата, каде ме извести дека сепак се одлучиле за мене. Моето доаѓање во Даталаб беше пред шест години, некаде во 2017 година, а веќе на крајот од 2018 година, заслужно ја добив и првата титула на Супер Стар, каде имаше гласање за одличен работник на регионaлно ниво. Доделувањето беше организирано во Љубљана, Словенија, во нашата матична компанија.


Што работевте пред тоа и со какви вештини се стекнавте? Дали тие Ви помогнаа во Даталаб?

Марија: Пред да започнам со работа во Даталаб МК, работев 7 години во Златна Книга и 3 години во Нова Македонија, како Дигитален Маркетер, организарот на настани, саеми, спонзорства дизајн, графика, маркетинг истражувања, развивање на брендови од самиот почеток итн. Од сите овие искуства заклучувам дека постојаната комуникацијата со луѓе од разни професии, координација на повеќе тимови, адреналин и возбуда пред организација на некој настан или започнување на некоја нова кампања се неколку клучни работи кои најмногу ги сакам. Сите овие работни искуства ми помогнаа во обезбеден влез во Даталаб, како и проширување на бренд приказната која ја произнесов од Даталаб, каде допревме до многу поголема и поширока публика, до многу компании на кои им помогнавме да го развијат и дигитализираат бизнисот со помош на нашата деловна програма PANTHEON ERP.

 

Што ве натера за да се посветите на оваа професија?

Марија:  Јас во принцип сум многу креативна и посветена личност, секогаш сум во потрага по возбуда и динамика и затоа маркетингот е одлична професија за мене. Оваа професија е прекрасна, но истовремено и многу стресна. Маркетингот по правило подразбира работа на кратки рокови, динамичност, комуникација со многу луѓе, постојано интересирање и учење на нови работи, дигитални алатки, согласно тоа и адаптирање, па се зависи и од индивидуалниот карактер и темперамент. Така што започнав истовремено на факултет, отсек Новинарство и со работа во Златна Книга, и за краток период направив еден спој од новинарството каде сватив дека мора се да се тера во насока на дигитализација, бидејќи тоа е иднината на работењето, па така преминав целосно кон дигиталниот маркетинг.


Колку е важно за една компанија да има  – Маркетинг сектор?

Марија: Денес, дигиталниот маркетинг за компаниите е поважен од било кога. Сите познати и успешни бизниси зависат од својата онлајн репутација, својот кредибилитет и поврзување со посакуваната публика, на вистинско место и во вистинско време. Живееме во период на дигитална трансформација, каде примената на информатичката технологија веќе не е прашање на избор, туку прашање на  опстанок.


Како ги градите односите со клиентите? Како дознавате што е потребно за компаниите?

Марија:  Еден од столбовите врз кои е изграден PANTHEON ЕРП е токму односот со побарувањата на клиентите и решавање на нивните проблеми. Постојано се трудиме да ги информираме за најважните новости и можности на деловната програма PANTHEON ЕРП, како лесно компаниите ќе дојдат до посакуваните резултати, ќе си го олеснат работењето со автоматизирани процеси, напредни менаџерски алатки.

Ние како компанија настојуваме да поставиме двонасочна комуникација, да добиеме мислење и сугестија од корисниците. Социјалните медиуми се идеална алатка за брза и непосредна комуникација, па преку  нашите профили на Фејсбук, Инстаграм, Линкедин одржуваме константна интеракција. Правиме и истражувања на пазарот кои ни овозможуваат увид во потребите на потрошувачите и правилни бизнис одлуки.

 

Со кои проблеми се сретнуваат бизнисите денес? И дали им се олеснува работењето со PANTHEON?

Марија:  Бизнисите денес, од големи размери управуваат со многу сложени процеси каде секогаш треба да имаат предвид за одливот и протокот на побарувачката, како и постојано менувачките трендови на модата. Обидот да се задоволат индивидуалните потреби на клиентите, како и да се остане чекор понапред од конкуренцијата, е речиси невозможна задача без деловна ЕРП програма.

Дел од компаниите се соочуваат со низа реални проблеми, како на пример прием и администрација на нарачки од клиенти, проблеми со наплата на побарувања од купувачи, планирање и извршување на работни налози е комплексен мануелен процес, нарачки од клиенти кои треба да се следат или пак значаен број на вработени кои се вклучени во одреден процесот на работење во една компанија….Тргнувајќи од овие позиции се доаѓа до потреба за едно решение кое ќе ги интегрира деловните процеси а воедно ќе ги администрира, контролира и информира менаџерите за сите значајни параметри. Е ова, е тоа што PANTHEON ERP им го овозможува на компаниите, едно решение за се.

 

На што треба да обратат внимание, компаниите кога одбираат софтвер (ерп деловно решение), твој совет?

Марија:  Една деловна ерп програма треба да сочинува се, од покриеност на една мала компанија па заедно со неа растејќи и развивајќи се да расте и да се проширува со истото деловно решение. Освен тоа многу важен составен дел на компанијата која го нуди деловното решение е да понуди и корисничка поддршка. На пример, нашите ерп експерти имаат долгогодишно искуство со ИТ технологија и имаат учествувано во повеќе од стотина проекти во Македонија и во регионот. 

Даталаб како компанија е секогаш лева рака на своите корисници. Ќе кажам лева, бидејќи јас сум левак 😊. Нашиот тим наместо консултации, дава конкретни решенија и работи заедно со корисниците на спроведување на овие цели. Ние сме дел од тимот на нашите корисници.

 

Што би им порачале на сите кои размислуваат за кариера во Даталаб?

Марија: Даталаб е најголем понудувач на деловен софтвер во југоисточна Европа, со повеќе од 80.000 корисници во 12 држави со постојан раст на бројот на задоволни корисници. Бидејќи живееме во дигитална ера и се движиме кон дигитализирање на компаниите, секогаш ќе се отвараат и зголемуваат работните места. Сите тие кои се размислуваат по кој пат да тргнат и кој факултет да го запишат – едноставно ќе кажам се што води кон дигиталната ера, бидејќи тоа е иднината. Даталаб е одлична стабилна компанија, која нуди одлична можност за развивање, учење и стекнување на нови пријателства. Ние сме еден тим – едно големо семејство. Секогаш сум прва да им посакам добредојде на новите колеги и да им посакам успешен старт во пливањето кон новите води 😊

Вашите преференции за кулинарство?

Марија:  Како во работата, така и по дома сакам да е се профи. Кога готвам, готвам со љубов и се посветувам максимално. Освен што е вкусно сакам да биде и во тој стил декорирано во зависност од кујната која ја приготвувам. Најчесто тоа е италијанска, шведска или мексиканската кујна. Многу сакам силни и разновидни вкусови, разнобојно декорирање, и многубројни зачини.

Како и каде се опуштате?

Марија: Речиси секој викенд ми е испланиран со сопругот и моето омилено куче мини малтезер Парисче. Фамилијарно сме или по скопските кафулиња на утринско кафенце или сме на викенд до Охрид или Грчка. Ритуал ни е да си седнеме во некој убав ресторан или кафанка, да испиеме некое убаво вино и секако мора да е дозволено за миленици 😊

Вашето хоби?

Марија:  Секако, најпрво сите серии и филмови на Нетфликс мора да се изгледаат, потоа може да се прочита некоја добра книга – купена од Литература (едноставно ги обожавам како се уредени продавниците на литература и можам да останам во нив и неколку часа и обавезно излегувам со неколку книги). Исто така во слободно време многу сакам да правам некој необичен дизајн, што дигитален а некогаш и на хартија со впечатливи бои….


Книга која би ни ја препорачале?

Марија: Неодамна ја прочитав „Epic Content Marketing“, која е напишана од Joe Pulizzi, еден од водечките светски експерти за контент маркетинг, каде ни објаснува како да ги привлечете потенцијалните клиенти преку создавање на информации и содржини кои тие сакаат да ги читаат. Компаниите повеќе не смеат да си дозволат да креираат просечни содржини за кои клиентите немаат никаков интерес. Оваа книга не води чекор по чекор низ процесот за развивање и креирање на забавни и информативни содржини, кои ги убедуваат клиентите на некоја акција – без директно да им се посочи тоа.

Исто така, можам да кажам книгата „This is Marketing“ е одлична книга, каде ни посочува за одличните маркетери како не ги користат потрошувачите за да го решат проблемот на една компанија, туку тие користат маркетинг за да им ги решат проблемите на луѓето! Нивните тактики се потпираат на емпатија, поврзаност и емоционален труд, наместо реклами кои го крадат вниманието и спам пораки.


За крај, твој цитат/инспирации/мото:

Марија: Се водам по мотото „Еднаш се живее“, а тоа значи во било која ситуација да се најдам или соочам, едноставно ќе кажам еднаш се живее и буквално одам до крај без разлика дали постои ризик, се одлучувам да ризикувам бидејќи еднаш се живее.😊😊😊

Не пропуштајте корисни новости и совети

Доколку сакате да добиете новости со корисни бизнис содржини од нашата База на Знаење, Ве молиме пополнете го образецот.

X